Bookbox

Средовековната мајка што го подучуваше синот на далечина

Мајка сте од деветиот век, а синот-тинејџер ви е киднапиран од политичкиот ривал на вашиот сопруг. Оддалечени сте со километри. Нема интернет. Но сакате вашето дете да добие добро образование. Што ќе сторите?

Зошто Рут Бадер Гинзбург е легенда?

25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.

Нож од замрзнат измет и нарцисоидни веѓи: Иг Нобел 2020

Една од работите на која се радуваме секоја есен е пародијата на Нобеловите награди, која оваа година се доделува по јубилеен, 30-ти пат. И навистина содржи живописни истражувања.

Веселите гробари од Гана

„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.

Како ги научивме машините да дишат наместо нас?

Денес основите на човечката респирација и метаболизам делуваат очигледни, а исто така здраво за готово се земаат и вентилаторите и респираторите на кои дишат оние кои имаат проблем со природното дишење. Но имало времиња кога неспособноста на телото да земе здив било неразбирливо, неизлечиво и фатално.

Фанови на хорор филмови се психолошки поотпорни на последиците на пандемијата

Некако има логика. Толку стравови и ужаси си видел на филм што си создал „имунитет“ на страв. Пандемијата во однос на сцени од Kрипшоу (1, 2 и 3) изгледа како Дизни.

Љубовната приказна на Франц и Бајазид

Баронот Франц Нопча фон Фелше-Шилвас бил унгарски авантурист, палеонтолог, албанолог. Бајазид Елмаз Дода бил албански етнограф и фотограф. Нивната крајно интересна а трагична приказна е материјал за роман, кој не е напишан. Но и на документарец кој е направен во 2016.

Збогум Данило

Веста за смртта на Данило Коцевски нè затече. Мислевме дека засекогаш ќе го гледаме ликот кој изгледаше како да не старее, со препознатливиот шешир и брадата која со годините само малку побеле. Не беше родум од Скопје, но Скопје му должи, за вниманието со кое ги бележеше и раскажуваше неговите приказни.

Француски филозоф се откажа од синот поради неговиот автобиографски роман

Иако претходно синот, исто така филозоф, му ја презел и љубовницата, таткото му го простил тоа. Ама неодамна излезениот автобиографски роман ја прелеал чашата.

Британците загрижени што нивните деца зборуваат „јутјуб“ англиски

Едно време разликата помеѓу британскиот и американскиот англиски се сведуваше на „томејто“/„томато“. Но младите јутјуб инфлуенсери (Американци или со местен американски акцент) го зголемуваат јазот.

Зошто е важно да водите белешки на рака?

Старото и заборавено правило вели - алатките кои ги користат рацете се истовремено и алатки за мозокот. Рачно водените белешки се одлична вежба за „отелотворена конгиција“, поврзување на она што се запишува со неговото помнење. Плус, нотесот или тетратчето на овој начин стануваат евтин а ефикасен „екстерен хард диск“.

Зошто ни е тешко да дочитаме книга во текот на пандемијава?

Рубрикава е меѓу другото за читање книги и една од нејзините цели е да го промовира читањето. Но што кога и оние што вообичаено сакаат да читаат едноставно немаат концентрација и енергија за тоа? Мора нешто да не е во ред. Aма што?

Револуцијата која започнала поради - запирки

Во септември 1905, печатарските работници во една издавачка куќа го запреле процесот. Барале во пресметката на надниците да им се сметаат и интерпункциските знаци. Со оглед на тоа што запирките биле најчести, овој штрајк е наречен „штрајкот на запирката“.

Британски математичар доби награда од 3 милиони долари за откритија кои „можеби му ги диктирале вонземјани“

Веројатно кажано на шала, тоа дека на сега славниот математичар теориите му биле диктирани од повисока интелигенција е тврдење на негов колега. На кого сигурно дополнително му се стемнило кога слушнал за „дебелото“ признание.

Тину-нину: оваа статија ја има напишано робот

Во Гардијан неодамна објавија статија целосно напишана од страна на GPT-3, јазички модел од последната генерација кој користи машинско учење за да произведе текст кој личи на човечки. Морничавото е што ова не „личи“ на човечки, туку е камо-каде подобро од голем број човечки зборосоставувања.

Португалската конкуренција на Флоренс Фостер Џенкинс

Се викала Наталија де Андраде, а според нејзината скудна биографија (достапна само на португалски) била „драмски лирски сопран“. Дури кога ќе ја слушнете ќе сфатите што точно значи ова „драмски“.

„Госпоѓица Маркс“ - нов филм за најмладата ќерка на Маркс

Била активистка, преведувачка, феминистка. Од друга страна не можела да се извлече од нешто што денес би го нарекле „токсична врска“ и трагично завршила. На Еленор Маркс ѝ е посветен нов филм кој се прикажува на тековниот Венецијански филмски фестивал.

Ѕидовите имаат оговарање: комичен португалско-англиски разговорник

Авторот на овој „корисен“ прирачник немал намера да биде хумористичен. Ама така испаднало, поради буквалниот превод на куп зборови и изрази од португалски на англиски. 

Кога оние што ја гледаат чашата полупразна се во право

Доаѓа од латинското pessimus, што значи најлош. Од Русо, Шопенхауер, Ниче, до Фројд, Ками и Фуко, западната мисла е полна со филозофи и автори кои сметаат дека ова не само што не е најдобриот од сите можни светови, туку дека веројатно е најлош.

Тактичноста како доблест

Тежнеејќи кон постигнување морални височини - чесност, великодушност, пожртвуваност - забораваме на оние „малите“ доблести, а толку потребни во секојдневните, често сложени меѓучовечки интеракции.

Мистеријата на д’ткањето

Се смета дека во светот 70 милиони луѓе пелтечат, односно имаат проблем со започнување и одржување на континуитетот на говорот, што резултира со паузи и повторувања. Оваа бројка вклучува околу 5% од децата, кои можат и да ја надминат оваа состојба, како и 1% од возрасните. Помеѓу нив има и актери (Џејмс Ерл Џонс,Емили Блант), претседателски кандидати (Џо Бајден), па дури и еден некогашен крал (британскиот Џорџ Шести).

Не пропуштајте: денес се менува нотата во најспората композиција на светот

За него сме пишувале и претходно. Делото се вика Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible), неговата изведба е почната во 2001, а треба да трае до 2640. Местото е црква во Германија, и токму денес, 5.9., таму ќе се случи промената на следната нота. Не дека е за брзање, ама добро е да се знае.

Џон Клис: „Сакам да бидам закопан со непрочитаните книги“

На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.