Bookbox

Како да бидеш раат додека дремеш? Стани жаба.

Проѕирните, „стаклести“ жаби можат да кријат 89% од црвените крвни зрнца во својот црн дроб. Подеталното истражување на тоа како тие го постигнуваат ова без да добијат згрутчување на крвта, може да помогне во третман на истото кај човечки пациенти. 

Традиционалната јапонска игра со поезија испишана на карти што се игра за Нова година

Две купчиња карти од по педесет. Еден од играчите врти карта од првото и чита стихови на глас. Останатите треба што побрзо да се сетат на тоа како завршува песната и да ја најдат картата со соодветните стихови во второто купче. Победникот е оној што ем знае најмногу антологиски петстишја, ем е брз во рацете. Нешто вакво со македонска поезија? 

Од сега ќе може да се тужи за трејлер кој создава лажни очекувања

Обожаватели на кубанско-американската актерка Ана де Армас (најпозната по својата улога на Мерлин Монро во „Русокоса“) поднеле тужба до продуцентите кои ги измамиле дека таа глуми во филмот „Вчера“ од 2019, со тоа што ја вклучиле во трејлерот. Всушност, нејзиното појавување било сецнато во конечната монтажа.

Директорот на галеријата Уфици забрани болдирани букви и !! во мејлови

Ејке Шмит е германски историчар на уметност, кој од 2015 е на чело на славната галерија Уфици во Фиренца. По седум години трпение, тој неодамна издал указ до вработените околу едно за него очигледно битно прашање - како треба човек да се обраќа во службена порака.

Приказната за мистериозниот анобтаниум од „Аватар“

Во филмот на Џејмс Камерон од 2009, кој од минатиот викенд доби продолжение, „Аватар - патот на водата“, луѓето се заинтересирани за месечината Пандора затоа што таа е богат извор на елемент кој не постои на Земјата, чие име, буквално преведено е „недобивливо“. Во постоечкиот периоден систем на хемиски елементи него го нема. Но инженерите го користат зборот со децении.

Десет совети за одличен брак според Фридрих Ниче

Според германскиот филозоф, пријателството е највисок облик на љубов. Иако бил скептичен околу тоа колкумина се доволно силни за воспоставување и одржување ваква висока форма на меѓучовечки однос, Ниче го сметал за суштински елемент на добриот брак. Сексот создава компликации затоа што врската базирана на романтични чувства тешко дека може да издржи доживотно. Тоа што самиот не бил женет не му го земајте за минус.

Божикна ѕвезда: контроверзната историја на едно растение

Деновиве го гледаме насекаде - го има во цвеќарниците, по пазарите па дури и по локалните гранапчиња. Прави празнично чувство, затоа што е едно од ретките кое изгледа убаво зиме, со жар црвените (или прскани, жолти, розови) „цветови“ (кои се всушност листови). Во САД го викаат „поинсета“, а растението го добило своето име по првиот американски дипломат во Мексико. Но неговата врска со оваа земја не е таква за да му биде укажувана таа чест.

Замина Дејан Тиаго Станковиќ

Првиот ден од зимата почна со вест што нè смрзна - на 57 години ненадејно починал српскиот и португалски писател и преведувач. Космополит, уметник, другар, во душа Македонец.

Кога имало телефонски линии за маалски забави и оговарања

„Парти лајн“ бил локален телефонски „кружок“, формиран од страна на претплатниците на една фиксна линија во средината на 20 век во САД и Канада. Тие не само што служеле за луѓето да се поврзат во „чет групи“, туку имале и огромно значење во итни ситуации. Нуспојава било прислушкувањето.

Вештачка интелигенција ќе помага за дешифрирање на докторскиот ракопис

Лекарите минуваат низ години учење на материјалот, но едно нешто како да недостасува во програмата - барем скратен курс по краснопис. Додека некому не му текне да го воведе, Гугл ќе се обиде да им дешифрира што пишува на рецептите на фармацевтите и на пациентите. 

Мистериозното исчезнување на човекот кој во 19 век го обиколил светот на точак

Во 1892 Франк Ленц започнал велосипедска тура која требало да го однесе од САД преку Азија до Европа и назад. Но по неколку месеци го снемало. Што се случило?

„Мрачни голови“: кога фудбалот се користи за политички цели

Нова книга (ноември 2022) на Лусинао Вернике претставува детална анализа на најекстремните случаи на политичка злоупотреба на фудбалот. Почнувајќи од првото Светско првенство во Уругвај, авторот нè запознава со цела лепеза озлогласени личности кои сметале дека токму фудбалот ќе им помогне во одржувањето на моќта.

Измамниците кои тврделе дека во време на голема суша можат да предизвикаат дожд

Во сите култури во светот кои зависат од земјоделие, а се лоцирани во сушни области, постојат обреди за повикување дожд (кај нас познати под името „додоле“). Ова верување во моќта човекот да ги смилостиви (нат)природните сили, преку наука или магија, го користеле поединци за сопствен дожд од пари.

Одморот како облик на отпор

Не мора да излегувате на протести и да мавтате со пароли и бајраци. Не мора да извикувате пароли или да пишувате остри критики на социјалните мрежи. Отпорот може да се состои и само во тоа дека ќе здивнете. И тоа не само за викенд.

Јолабокафлод или божикната поплава од книги во Исланд

Библиофилите од целиот свет знаат за исландската „божикна книжевна поплава“ во која издавачите темпираат нови книги за време на божикните и новогодишните празници. Легендата вели дека секој граѓанин на оваа оддалечена но ултра-читачка нација тогаш подарува и добива книги. Нивната љубов кон читањето има и своја предисторија.

Уринирајте со елеганција: нова изложба на пресмешни преводи

Рачно испишано предупредување во пиљара да не се „дупчат праските“. Фино отпечатен знак над писоар кој повикува да се „уринира со прецизност и елеганција“. Ова се примери на превод од јапонски на англиски на пораки испишани во јавен простор, кои до сега беа предмет на сеир на остатокот од светот. Но и Јапонците знаат како да вратат.

Следен чекор во гемјингот - аудио драма?

World of Warcraft, Uncharted или новиот филм за Супер Марио - стана вообичаено ликови и заплети од игрици да се прелеваат во светот на филмот. Но сега Би-би-си Радио 4 сака истото да го направи во сферата на аудио раскажувањето.

„Опенхајмер“: како Кристофер Нолан снимил нуклеарна експлозија без компјутерски финти

Режисерот крена во воздух Боинг 747 за неговo претходно дело, „Тенет“. Сега, за потребите на биографскиот филм за еден од пионерите на нуклеарното вооружување, на екранот ќе прикаже експлозија на атомска бомба која нема да биде компјутерски генерирана.

Сендвичите со шунка што издржале 10 месеци под вода

Како е можно парчиња леб со нешто помеѓу да траат речиси цела година под вода? Одговорот на ова прашање е поврзан со тоа како јаглеродот се движи во длабоките води, а има импликации по борбата против климатски промени. 

Дебата во која победникот си го спасува животот

Се вика „Чамец за спасување“ и е годишен настан организиран од Филозофскиот клуб при Универзитетот Монтевало во Алабама. Интересен мисловен експеримент кој низ годините покажува каков е ставот барем на студентите и вработените околу тоа кои животни вештини и знаења се најпотребни во кризни времиња.

Замина Анџело Бадаламенти чија музика за „Твин пикс“ нè вадеше од памет

На 85 години почина композиторот кој беше најпознат по своите соработки со Дејвид Линч. Но дури сега, преку неговиот некролог, многумина ќе дознаат и за други славни личности со кои работел.

Мадам Вокер: првата жена која самата заработила милион долари

Била ќерка на некогашни робови, а своето богатство го направила благодарејќи на домашно подготвен производ за нега на косата наменет за Афро-Американки.

Оживување органи и фотки од почетокот на времето: научни достигнувања на 2022

Годината која изминува донесе напредок на повеќе полиња, покривајќи ги сите животни периоди, од раѓање до смрт, и секоја компонента, од клетките до ѕвездите. Тие вклучуваат супстанца која ги обновува органите на мртви животни; ембрион создаден без сперма или јајце-клетка; телескоп со кој може да се видат првите моменти на универзумот и вештачка интелигенција која создава висока уметност.

Ако сакате разумен и информиран соговорник, пробајте со најновиот четбот

Најновото во синџирот на еволуцијата на вештачка интелигенција доаѓа во форма на „нешто“ со кое можете да разговарате како со човек. И уште повеќе - како со прилично артикулиран и разбран човек, со кого е мерак да се прави муабет.