Bookbox

Дијалог со пролетта

Заљубен сум во тебе од малечко,
во очите твои назаситни
што тераат на арчење.

Jaзично галење

„Маци", „миличко", „сонценце"..дали веќе сте ги исцрпеле сите нагалени имиња за вашиот партнер? Бидејќи позајмувањето од други јазици не се смета за крадење, особено ако е за ширење љубов, еве малку зачин за вашето меѓусебно јазично милување.

25 совети за тоа како да бидеш добар и среќен режисер

Наместо да држи поздравен говор, на гала-вечерта по повод една значајна театарска награда Мендез го споделил своето искуство во професијата преку дваесетина совети. Се надеваме дека никогаш нема да мора да коментира крикет. 

Нова книга на авторот на xkcd

Рандал Манро, креаторот на култниот стрип xkcd (за кој пишувавме тука) објави дека напишал книга. За само 24 часа таа стана бестселер, иако ќе излезе дури во септември.

Дали осудени терористи имаат право да пишуваат мемоари?

Новата автобиографија на еден од основачите на терористичката организација 17. ноември се продава како грчка алва. Додека некои се ужаснати, други ја бранат слободата на говор. 

Сто илјади милијарди сонети

Како што ние се обидуваме да комбинираме наслови на вести за да добиеме некаква песничка која има смисла, така и Рејмон Кено смислил систем за генерирање песни со комбинација на стихови. Само за да ги прочитате сите негови ќе мора малку подолго да поживеете. 

3.141592653589... во популарната култура

И покрај тоа што постојат и други важни математички константи, што се однесува до популарната култура на бројот пи му нема конкуренција. Денес во Америка е неговиот национален ден, а со оглед на тоа што празникот вклучува јадење пити, не гледаме причина зошто и ние не би можеле да се приклучиме.

Филозофијата на „заеби“

Да речеш „заеби", тоа е масажа на умот - ја релаксира тензијата, прави да се чувствуваш добро, да ги изигнорираш сите и да си истераш по свое. Џон Паркин оди и чекор понатаму тврдејќи дека тоа е духовен чин, совршен западен еквивалент на источните идеи за ослободување од небитните нешта.

Стоп на бескрупулозната борба за кликови

„Оваа забегала“ и „ова може да се споредува со Моцартовиот Реквием“ - тоа се само некои од коментарите на видеата на кои се однесува оваа статија. Оставаме на вас да процените дали имаат некаква смисла. Нас дефинитивно нè освежија. 9:99, 9:98, 9:97...

Истакнатиот писател за деца Кит Ричардс

„Гас и јас: приказната за дедо ми и мојата прва гитара" е прва книга за деца на славниот Кит, илустрирана од неговата ќерка Теодора. Дедо му, Теодор Аугустус Дупре, на кого се однесува книгата, свирел џез во биг бенд и го вовел Кит во музиката.

Доделена новата книжевна награда Фолио

Што се случува кога Британија ќе воспостави награда за проза напишана на англиски, на која ќе може да конкурираат и американски автори? Нормално, ќе ја добие Американец.

Убава наука: историја на визуелното прикажување податоци

На 20. февруари во Лондон се отвори изложба на која се прикажани историски релевантни графички прикази на научни податоци. Еден од примероците е дијаграм на Флоренс Најтингејл, кој прикажува како нехигиената во болниците убива повеќе војници отколку Кримските битки во кои тие биле ранети.

Дневнички запис

„Ти го праќам заради еден збор" - беше пораката што ја добив од Дејан Тиаго Станковиќ, чиј расказ ви го понудивме за св. Валентин. Зборот веројатно ќе го препознаете, a целата приказна е генерално многу едноставна и пресмешна. Таквите се најдобри.

Резиденции за писатели во воз

Низ прозорецот пука Пацификот, пред тебе топло кафе и лаптоп, и дур возот речиси бесшумно лизга по пругата единственото нешто што треба да правиш е да напишеш неколку збора за тоа колку ти е убаво. Би се менувале и за Пелагонија, само да има интернет и чиста крпа.

Кратки песни составени од наслови на денешни вести

После 10-те песни составени од наслови на офф.нет, решивме да го прошириме полето за поетска инспирација. Еве неколку составени од наслови на денешни вести кои ги најдовме на агрегаторот Daily.mk. Заеднички на сите би можел да им биде - „Животиште“.

Сценографијата и реквизитите во „Вистински детектив"

Дизајнот на некоја серија често има клучна улога во нејзината привлечност и убедливост. Особено ако токму сценографските детали и реквизити се оние кои треба да го водат гледачот низ заплетканата приказна. Како во случајот со оваа.

Кратка историја на депилацијата

Eден од начините на кои некои современи жени искажуваат отпор кон хегемонистичката и шовинистичка машка културна матрица е одлуката да не им биде гајле дали влакна им штрчат од под мишка или им ѕиркаат од под хулахопка. Но практиката на женско „обезвлакнување" е историски долга, а во отсуство на креми за депилација и бричеви знаела да биде и опасна.

Што би мислел Платон за современата култура?

Што би рекол Платон за Гугл, магнетна резонанца или за Сител - тоа се оние прашања кои на прв поглед делуваат евтино, но од друга страна овозможуваат таков увид во ставовите на античките филозофи кои инаку делуваат неповрзано со современиот живот. 

Загубениот фото-албум на Денис Хопер

Повеќе од 400 фотографии на познатиот актер и режисер стоеле неколку години во шифоњер во неговата куќа, помешани со новогодишни украси.

Марк Твен за мастурбацијата

Во 1879, 44-годишниот Марк Твен се качил на подумот на еден џентлменски клуб во Париз и одржал предавање на тема „Неколку мисли за науката на онанизмот". Тоа во 2009 е адаптирано во книшка под наслов „За мастурбацијата", придружена со 30 ретро илустрации.

Мрсен Моцарт

Музички овие три композиции на Моцарт звучат „нормално", сè додека не се заслушате во стиховите. Или човекот се забавувал, или тие се резултат на „импресивниот список" психијатриски проблеми кои наводно ги имал. Еве ги, без цензура.

Работите кои ги знаеш кога имаш 40

Да ја ситниш четвртата деценија е малку зафркнато. Шансите некои работи да се случат по прв пат, или да се повторат, се тенчат. На пазар уште те викаат „девојче“, ама во продавница „госпоѓо“. Виктор Иго ја нарекувал оваа возраст „старост на младоста“, и имал право. Затоа што во неа е содржана и мудроста на искуството, но и желбата уште да се колва од трошките на лудоста.

Вистинскиот Далас Бајерс Клаб

Филмот со непрепознатливо добриот Метју МекКонахи е номиниран во шест категории, меѓу другото за најдобар филм, главна и споредна улога. Не знаеме што од ова ќе добие вечерва, но и без статуетката неговата приказна е фасцинантна. Прв, пред цели дваесет години, ја забележал еден новинар.