Bookbox

„Излез десно: луѓето кои ја напуштиле левицата“

И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.

Најсоодветниот збор на годината

Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.

Дали навистина 2016 беше погубна за славните?

Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикман, Мухамед Али, Џорџ Мартин, Леонард Коен...Годинава што изминува ни изгледаше посебно смртоносна за познатите личности. Дали навистина 2016 беше „проколната“?

Бурсунсул и Паскулина

Две кученца, едното поголемо и црно, а другото помало и бело, многу се сакаат, сè додека едното одеднаш не му ја џапне сочната коска од чинијата на другото. После тепачката, сепак победува пријателството.

Се бара: преведувач на емотикони

Еве како би можеле да му се исплатат сите тие часови и часови поминати во чет на вашето дете (или на вас самите), кои излегува дека всушност биле бесплатен курс по странски јазик - јазикот на емоџи. 

Австралиски збор на годината - „демократски колбас“

Не, не е безобразна метафора. Вистински колбас е, а за време на изборите го консумираат сите гласачи, и оние кои се за власта, и оние кои се за опозицијата. Не, пак не е метафора. 

Пати Смит за тоа како е да се биде (само) човек

На свеченоста по повод доделувањето на Нобеловите настапи и Пати Смит, која имаше проблем да ја допее песната на Дилан, за момчето со сини очи и тешките дождови кои допрва ќе паѓаат. Во текстот објавен во Њујоркер таа објаснува што му претходело на овој настан и со какви чувства се качила на сцената. Есејот е одличен поглед во умот и срцето на оние од кои очекуваме просто да се качат на сцена и да нè забавуваат.

Читална на небо

Не ве оставаат на раат да читате по дома? Во кафичи ви е гужва? Да се пренаменат галиите и да се постават како читални не на, туку над Вардар.

Најпродаваниот музичар во 2016 е - Моцарт!

Музичкиот бизнис онаков каков што го знаевме е мртов. Тоа станува јасно кога статистиката ќе покаже дека, според бројот на продадени ЦД-иња, прв на листата е музичар од 18 век.

Светла чајанка на душата

Постизборно сте вознемирени? Ве јаде јанѕа што носи иднината? Дојдете на топол чај подготвен по стандардите на еден Орвел. Или, ако повеќе сакате, на еден Даглас Адамс. А ние и ќе ви гледаме во него.

„Витезот“ (Chevalier, 2016)

Каков филм да претставиме после избори, ако не таков во кој се работи за еден многу важен избор - кој е најдобриот маж.

Нобеловиот говор на Дилан (и зад’ткувањето на Пати Смит)

Вака-така Дилан сепак одлучи да му се обрати на Нобеловиот комитет, извинувајќи му се што не може да биде на свеченоста на доделувањето „главом и брадом“. А баш сакавме да го видиме со тоа орденот на гради, како одликуван генерал на поетско-музичарската војска.

Споменик на неизбраните

Поддршката за одреден кандидат пред избори Американците имаат обичај да ја изразуваат и со тоа што пред куќи поставуваат билборди со неговото име. Но што ако тој (или таа) загуби?

„Како да слушаш џез“

Дјук Елингтон во неговата автобиографија „Музиката ми е љубовница“ се пофалил дека е најдобриот слушател на музика на свет. И во ова има нешто - како што за да бидеш добар писател прво треба да научиш да читаш туѓи дела, така и за да создаваш музика треба да ги отвориш ушите. Така таа полесно стигнува и до срцето.

По 90 години: реставриран „загубениот“ австриски филм кој го предвиде нацизмот

„Град без Евреи“ премиерно се прикажал во Виена во 1924. Сега неговата оригинална верзија, која била загубена цели деведесет години, е реставрирана и спасена од заборав.

Кратка историја на нулата

Имало и времиња кога „ти си една обична нула“ никого не би навредило. Затоа што нулата едноставно - не постоела.

Прогноза од 1969: Како ќе изгледа Југославија во 2000?

Kaков Жил Верн, каков „Вест ворлд“, какви црни дистопии. Видете колку полни со самоувереност и оптимизам биле прогнозите на новинари од некогашна Југославија. Од сето она што не им се остварило, најтрогателно е всушност најбазичното - што за иднината која ја предвиделе им снемало Југословени.

Черчил до соработниците: Не се фолирајте со напумпани изрази

Можеби затоа што како Британец многу добро ги знаел финесите на криењето на вистинската порака зад куп софистицирани изрази, Черчил кога стапил на функцијата премиер во 1940 им испратил порака (нешто како октроисан реторички устав) на своите соработници.

Чии песни изведуваат Стоунси на новиот блузерски албум?

На 2 декември Стоунси го издадоа „Тажен и осамен“ (Blue &Lonesome), нивниот прв студиски албум по десет години. На него има 12 песни од блуз генијалци, речиси сите од чикашката сцена.

„Водич за градски крадци: светогледот на еден криминалец“

Не, претставувањево на книгава нема, или барем нема намерна врска со претстојните избори. Едноставно, по претставувањето на првата книга во серијава текстови, за тоа како да раководиш со нарко-картел, оваа ни изгледаше како логично продолжение.

Режисери кои малтретирале актерки заради добра сцена

Хичкок, Кјубрик, Ларс фон Трир...Овие генијални умови за да ги остварат своите режисерски визии често знаеле да си ги малтретираат соработниците. Особено актерките.

„Наркономикс: како картелите функционираат како Волмарт и Мекдоналдс“

Започнуваме серија во десет продолженија во која ќе ви ги претставиме најиновативните, најинтересните и најзначајните книги од различни жанрови и области во годината која полека изминува. Започнуваме со една прилично практична тема - како, ако баш решите, да создадете нарко-картел.

Анти-стрес боенки за возрасни со пцовки

Во моментот кога почна да се случува манијата со боенки за возрасни, веројатно никој не можеше да претпостави во кој правец ќе отиде оваа анти-стрес занимација. А не да отиде, туку забега.

Kнига со приказни за големи деца од Ник Кејв, Том Вејтс и Бон Ајвер

„Приказни за начини и средства“ (Stories for Ways and Means) не е баш типична сликовница. Со оглед на тоа кој ја пишувал, тука има и чудни слики, и „мрсни“ зборови, и откачени приказни. Ама приходот од продажбата оди кај деца на кои им треба помош.