Bookbox

Сведоштвата од Чернобил

Мини серијата на ХБО во пет продолженија, од која до сега се прикажани четири, ја актуелизира подзаборавената тема за советскиот нуклеарен реактор и за тој мај 1986 кога веста за неговата експлозија до нас стигна во форма на забрана за јадење марули и играње на дожд. Но последиците за огромен број луѓе, и по сè што некогаш било живо во непосредна близина на несреќата, се чувствуваат и денес. 

Лени Кравиц како (добар) фотограф

Во галеријата Лајка германскиот град Ветцлар музичарот отвори фото-изложба под наслов „Скитник“ (Дрифтер).

Taблетот за описменување кој патува качен на магаре

До 2016 во селата во Мозамбик никој немал видено компјутер. А овој е посебен - се состои од четири ел-це-де екрани на допир, напојувани од соларни панели и влечени од магаре.

Maстило направено од загаден воздух

45 минути автомобилско дизел согорување дава 30 милилитри AIR-INK. Неговиот пронаоѓач е по потекло од Индија, но и кај нас би наполнил доста пенкала.

Наградени на ФИЛМАЈ - Куманово 2019

ФИЛМАЈ 2019 е прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм во организација на фото-кино клуб `Козјак` - Куманово.

Човекот заслужен за славата на Ајнштајн

Тешко е да се замисли време кога ликот и делото на Ајнштајн не биле познати. Но да не се појавел еден астроном кој ги промовирал неговите теории, тој можеби ќе останел само фуснота.

Обид за убиство поради книжевен спојлер

За некој што не гледа ГоТ, интензитетот на чувствата поврзани со постирање спојлери за нови епизоди од серијата е феномен. Со клетви, со закани, со исклучување од Твитер, со сè. Но сериозноста на реакциите не се однесувала само на серии и филмови, туку и на книги.

Нов документарец за љубовта меѓу Коен и неговата Мериен

Во 2016, по повод смртта на Мериен Илен, долгогодишната придружничка на Леонард Коен, тој ѝ напиша трогателно писмо, кое ја потсети јавноста на нивната врска. Можеби токму тоа било инспирација за режисерот на новиот филм, под наслов „Зборови на љубовта“.

Нова графичка новела за Били Холидеј

Уметникот Паоло Париси до сега има правено графички новели за сликарот Жан Мишел Баскијат и за џезерот Џон Колтрејн. Сега негова тема е една од најголемите пејачки на сите времиња.

Заборавениот музеј на забранета уметност во Узбекистан основан од електричар

Сместен е среде никаде, но поседува една од најголемите светски збирки на авангардна уметност, која била спасена од чистките на Сталин. Херојот бил еден електричар.

Господарката на Старата чаршија

Обраќањето на Алек Попов од вчера, 21.5, при примањето на наградата Про-за Балкан за 2019. За малите и топли приказни, наспроти ледените ветришта на гордоста. И за смисолот за хумор како тест за интелигенција. 

Сирење направено од бактерии од папок и мишки на славни личности

За некого ултимативен гест на обожавање на нечиј лик и дело е да поседува парче облека, инструмент или своерачно напишана белешка од славната личност. Ама ова е изгледа следно ниво.

Kанскиот фестивал критикуван затоа што го награди Ален Делон

И покрај критиките кои доаѓаат од сите страни заради неговите расистички и сексистички коментари, Фестивалот вчера, 20.5 сепак му ја додели наградата на 83-годишниот Делон за неговата шеесетгодишна кариера.

Чија е музиката со која се отвара Евровизија?

Повеќе од 60 години Евровизискиот натпревар официјално се отвара со мелодија која сигурно сте ја слушнале, но можеби не сте знаеле дека е од доцниот 17 век, и е свечена песна за победа на една европска војска, над друга.

Што се користело пред тоалет хартијата?

На сите ни се случило - посегнуваш по местото на кое обично стои хартијата, и сфаќаш дека баш во тој критичен момент снемало. Или ќесата со резерва стои на другиот крај од купатилото и треба да станеш по неа. А што кога таа воопшто не би постоела?

„Враќање во иднината“ стана мјузикл

Светската премиера е закажана за 20 февруари 2020 во Манчестер. Потоа претставата се сели на Вест енд.

Приказната за волкот, лисицата и камилата

Во далечната 1951 е излезен првиот број на списанието за деца на македонски јазик во повоена Југославија. Меѓу содржините со забавна и педагошка содржина, има и една интересна „народна“ приказна.

Koга Бафало Бил настапувал низ Европа

Американски скаут, ловец на бизони, шоумен, слободен масон, Бафало Бил е еден од најживописните ликови на американскиот Див запад. Неговите шоу програми на каубојски теми биле вистински хит, но не само во САД, туку и во Европа. Ништо чудно да бил и во Македонија, а тоа никаде да не е регистрирано.

Мртви гулаби и совети од ангели: методите на лажните британски доктори

Тим од Универзитетот во Кембриџ транскрибирал белешки на познат самоук доктор Сајмон Форман, кој ја започнал својата кариера откако наводно самиот се излечил од чума.

Мравките и луѓето имаат нешто заедничко - начинот на кој водат војни

Модерните општества повеќе личат на заедници на мравки отколку на нашите најблиски роднини, на пример на шимпанзите. Ниту еден мајмун не гради патишта, нема сообраќајни правила, не развива инфраструктура, не учествува во сложена тимска работа и не врши ефикасна поделба на трудот. А мравките го прават сето ова, и повеќе.

Село во Франција плаќа за да дешифрирате натпис на кaмен

Некои археолози од иднината можеби ќе треба да толкуваат значења на твитови, мемиња и мистериозни фејсбук коментари. До тогаш уште има недешифрирани натписи на други медиуми. Како овој, на камен.

Дали Шекспир бил жена?

Контроверзите околу авторството на драмите кои му се припишуваат на бардот се стари скоро исто колку и самите дела. Но можеби тоа е затоа што до сега никој не ја зел предвид можноста Вилијaм всушност да бил - Вилијaмина.

Kлиматските промени се досадна тема, освен кога не се

На годинешново издание на Венецијанското биенале главната награда за најдобар павиљон ја однесе Литванија. Перформансот кој се одвиваше во него беше на тема која звучи (пре)ангажирано. Но суптилниот пристап со доза на хумор и цинизам беше она што направи впечаток.

Професорот по медицина што стана милионер на рулет

Не му биле толку важни парите, колку развивањето систем според кој човекот ќе ја победи машината. До денес неговата методологија останува тајна.