Во случај баш да сакате да ја посетите, болницата се вика Випс Крос, и се наоѓа во Лејтонстон, источен Лондон. Инсталацијата со заспаниот фудбалер во неа ќе се прикажува до март 2020.
Бекам, кој сега има 44 години, се родил во гинеколошкото одделение на оваа болница во 1975, а детството го поминал во близина.
„Филмот“ е на Сем Тејлор-Џонсон, режисерка и фотографка, чии претходни дела го вклучуваат биографскиот за Џон Ленон, „Момче од никаде“, како и „50 нијанси сиво“ од 2015, кога беше номинирана за Златна малина за најлош режисер. Таа се запознала со Бекам кога во 2002 Националната галерија на портрети од неа нарачала негов фото-портрет, а ова видео го нарекува „медитација за славата“.
Болницата го добила делото на заем, во рамки на проект на спомнатата галерија под наслов „Враќање дома“, во чии рамки 50 портрети од нејзините збирки патуваат на места кои се поврзани со оние на сликите. За овој на Бекам предвид биле земени и железничка станица, училиште и фудбалски терен, но сепак болницата го обезбедила интимниот и мирен простор за неговото дремење.