Bookbox

Вештачка интелигенција тренирана на стари научни статии дојде до откритија кои луѓето ги промашиле

Врз основа на јазикот на милиони постари научни текстови, алгоритам за машинско учење успеа да направи сосема нови научни откритија.

Koга авангардниот композитор Шенберг смислил симболи за тениски натпревари

Љубовта кон тенисот се врзува за голем број уметници, особено за писатели: Набоков, Дејвид Фостер Валас, Мартин Амис, чии дела содржат елоквентни мисли поврзани со тенисот. Но помеѓу оние инспирирани од играта има и композитори.

Пропаднатиот план за киднапирање и убиство на Хајзенберг

Малку позната епизода од Втората светска војна, кога во 1944 група необични ликови требало да го намамат, киднапираат или убијат „мозокот“ на германската нуклеарна програма - Вернер Хајзенберг. 

Tеатарска претстава за вистинско убиство во која глумат блиски на убиениот

На 22 април 2012, Исане Џарфи напуштил геј бар во Лиеж, Белгија, и почнал да муабети со неколку мажи во паркиран голф. Откако сите заминале со колата, 32-годишниот Мароканец бил мачен и убиен. Сега една претстава се обидува да го реконструира настанот, ама како што тоа се прави во филмски документарци.

Од каде потекнува англискиот израз „тоа е чајот“?

На неодамнешното полуфинале на светското првенство во женски фудбал, на мечот помеѓу САД и Британија, фудбалерката која го заби победничкиот гол за Американките, Алекс Морган, го прослави истото со необична мимика - пиење шоља чај.

Нова графичка новела посветена на Стивен Хокинг

Главен лик во графичката новела е научник чии книги беа на листата на бестселери на Њујорк тајмс, и кој предаваше на престижен универзитет. Случајно или не, и нејзиниот автор е исто така поранешен нуклеарен инженер, кој се најде на бестселер листата на Њујорк Тајмс и во моментов е библиотекар на Универзитетот Мичиген. Некако е логично што токму тој се фатил со претставување на славниот теориски физичар и космолог.

Древниот Бугарин од супермаркетот

Посетата на земјава на принцот и принцезата од Хунза кои на скопскиот аеродром беа пречекани со највисоки државни почести, во сенката на сè што се случи последниве 11 години од тогаш, изгледа како откачен перформанс. Митските настроенија на претходната власт се наводно сузбиени, а идејата за Голема Македонија е заменета со онаа за мала Северна. Но таквиот прогресивен процес не оди така лесно кај соседите.

Како Џорџ Харисон ги спасил Монти Пајтон

Да не бил Харисон антологискиот филм на пајтоновци „Житието на Брајан“ сега немаше да слави 40 години од премиерата. И не само тоа, немаше да постојат и уште куп антологиски британски филмови од 1980-тите.

Дали „лажниот текст“ е следна глобална политичка закана?

Опседнати со „дипфејк“ видеа, забораваме на една друга опасност - вештачка интелигенција која пишува текстови и преку нив си комуницира меѓу себе, при што е речиси невозможно да се направи разлика меѓу човек и машина.

Измамникот кој ги убедил Германците дека Ивица и Марица се вистински

Eдна од оние лажни вести која е направена за да исмее и поучи - дека голем дел од она што се продава како наука и археологија може да е чиста измама. Но луѓето толку сакале таа да биде вистина, што овој поучен аспект некако паднал во сенка на сензацијата.

Грчкиот уметник кој и на 93 години си игра со магнети

Денес, 3 јули, во галеријата Тејт во Лондон се отвара изложба на Такис, кого го нарекуваат пионер на кинетичката скулптура. Иако нема ништо натприродно во неговите дела, тие делуваат како врз нив да дејствува некаква невидлива, магична сила. А истите се продаваат и за магично големи суми.

Aпокалипсата на е-книгите на Мајкрософт

Да поседуваш нешто, и да купиш дозвола која овозможува пристап до тоа нешто, се две различни работи. Тоа сега на груб начин го разбраа корисниците на е-книгите на Мајкрософт. А наскоро може да го разбере секој со пристап до кој и да е сличен сервис, за филмови, книги или музика.

Кошмар на пијанистот: кога оркестарот ќе почне да свири погрешен концерт

За публиката и така и така. Ама кога солистот очекува дека ќе почне едно дело, а почнува друго, тој има многу малку опции на располагање. Главно се сведува на - и да погинеш, колку-толку ќе се спасиш.

На денешен ден: 60 години од „Тејк фајв“

На 1 јули 1959 квартетот на Дејв Брубек во студиото на Колумбија рекордс во Њујорк сними песна која цели две години речиси никој не ја забележуваше. Потоа стана хит, и најдобро продаван џез сингл на сите времиња.

Разликата помеѓу „кукање“ и „поплака“

Во англискиот има разлика помеѓу vent и complain. Првото означува да си олесниш на душата со тоа што некому ќе му се пожалиш (читај: ќе му кукаш), а второто има конкретна цел - нешто или некого да поправи.

Јувал Ноа Харари: 50 години после Стоунвол

Пет децении по најзначајниот настан од поновата историја на борбата за геј права работите изгледаат навидум подобро отколку во таа, 1969. Но ризикот работите да тргнат во спротивна насока со подемот на радикалните десничарски движења е голем, а во тој случај нема да има веќе безбедни „ормари“ во кои некој би можел да се скрие. 

Проект: клупа за муабет против осаменост

Не е некоја уметничка инсталација, ниту пак експеримент. Целата приказна ни зазвучи како од некоја дистопија, затоа што покажува дека нешто не е во ред со цивилизацијата каква што ја знаеме.

„Анима“: краток филм за новиот соло албум на Том Јорк на Нетфликс

Режисер е Пол Томас Андерсон, а ова е негов прв проект по „Фантомската нишка“ од 2017. Филмот, или филмчето, е наречено „еднокотурно“ (one-reeler) во чест на ерата на немиот филм.

Лувр прави парфеми инспирирани од славни уметнички дела

„Крилестата Ника Самотрачка“, мермерна скулптура на грчката божица, мириса како бел цвет од тубероза помешан со дрвенести тонови. „Разговор во паркот“ на Томас Гејнсборо има арома на тукушто процветани рози. A „Капачката“ на Жан-Огист-Доминик Енгр пак на ноти лаванда, портокалови цветови и масло од нероли.

50 годишнината на Монти Пајтон ќе биде одбележана со обид за рушење рекорд

Пет децении по првото емитување на „Летечкиот циркус“, луѓето кои се повеќе политички аналитичари, филозофи и пророци отколку комичари ќе го одбележат својот јубилеј на начин кој ќе покажел дека светов во којшто живееме станува сè „попајтоновски“. Камо среќа, бар ќе беше смешен.

Американскиот остров на кој зборуваат „пиратски“ англиски

Се вика Окракоук, и го формирале некогашни пирати, морепловци и морнари кои се помешале со домородното северно-американско население. Изолацијата си го направила своето, па јазикот на кој денес зборуваат жителите нема свој пандан во ниту еден друг американски говор.

Како Черчил среде прохибиција добил рецепт за неограничен алкохол

Годината е 1931, во САД владее тешка прохибиција, а Черчил е дојден да држи 40 предавања. Самиот факт дека треба да го издржи сето ова без капка алкохол е неверојатен. Ама судбината му е наклонета - во вид на залетан автомобил.

Како се пишува „Киев“ на латиница?

Kyiv или Kiev? Ова се двата најчести начини на кои се пишува името на главниот град на Украина. Но иако се слични, една од овие транскрипции има непосакувана политичка тежина за Украинците.

Барокната феминистка: жената зад загубениот портрет од Веласкез

Скоро 300 години се водел како загубен или уништен. Но сега портретот на една од најмоќните жени во историјата, чиј автор е еден од најголемите светски сликари, е пронајден и наскоро ќе се продава на аукција.