Ако од корисници на Виндоус во некој момент ве убедиле да се префрлите на Линукс ќе имате чувство дека сте влегле во странска земја, по дизајн минималистичка и некако „индустриска“, по перформанси елегантна и по малку н'рдовска. Но дали ќе останете долгорочен корисник многу зависи од тоа каков став кон оперативните системи има вашата околина и работодавците. Ако вашето бунење дека нештата не се прилагодени и за Линукс се толкува како аздис, а се занемарува иронијата на тоа дека и во државни институции се работи со пиратски Виндоус, тогаш вака-така може да потклекнете.
Ама по денешниот пад на голем број трговски, аеро, банкарски и други системи низ светот поради технички дефект на Виндоус дури и оној со минимални познавања на Линукс има причини да фаќа сеир. Социјалните мрежи се полни со такви мемиња, а на нив е препознатлива маскотата на Линукс, пингвинот Такс.
Приказната зад логото е интересна и има врска со креаторот на оперативниот систем, Линус Торвалдс. Тој при посета на зоолошка во Канбера, Австралија, бил гризнат од мал пингвин, по што се шалел дека има добиено „пингвинитис“. Во зоолошката до скоро имало и посебна плочка која укажувала дека тука живее „оригиналниот Такс“.
Кога дошло ред да се осмислува маскота, тој сакал ликот да биде забавен и симпатичен - не корпоративно сериозен како дизајните на другите ОС, а дебелкото пиле делувало совршено. Конечниот дизајн бил испратен на конкурс од Лери Евинг, кој го направил со ГИМП, бесплатен софтвер за графика. Името пак е акроним и произлегува од Товардс УниКС.
Значи да си повториме: