Архива

БМВ, добар клизачи

По 12 години поминати како прв човек на Дајмлер, се пензионираше Дитер Зече, или фамозниот Доктор З. како што беше познат во тие кругови (замина со пензија од 4,250 евра на ден, ама сега тоа неважно). Му честитаа од конкурентскиот БМВ, со видео порака чиј мотив е „Пензионирање е кога ќе го оставиш минатото зад себе и ќе ја прегрнеш иднината.“ Чекајте да видите на што мислат.

Мадона мисли дека сме глупи

Мадона веројатно се изнаслуша и се изначита за себе после настапот на Евровизија, ама - не е точно!

Седум гадни невести

Звучи како модерна бајка? Е па, не е.

Париз ќе гради џиновска градина околу Ајфел

Незадоволни од тоа што моментално го имаат, а љубоморни на Хајд парк во Лондон, Централ парк во Њујорк (Градски во СК?), властите на Париз се решија на комплетна трансформација на делот околу Ајфеловата кула.

Уште цицаат, а веќе имаат сезонски билети и тоа доживотни

Една многу ретка и необична вест пристигна од Полска на која неочекувано реагираше дури и фудбалски клуб. Кај нас сличните вакви подвизи проаѓаат со сликање, паради, давање телевизор или парична помош од 500 евра, но во земја на ултраси друг е муабетот.

Гнасо стокхолмска, да му се смачи на Балканец од вас

Ќе отиде човек во Шведска малку да прошета да одмори од карпиве и балваниве балкански, и цел пат низ нос ќе му излезе. Една работа да не им е на место, а и глуп ова народот шведски: пола држава им е со шуми, они увезуваат дрва од странство; измислија динамит, 200 години не биле во војна; министри наместо во лимузина, со метро се возат. Налет живот таков.

Заборавениот музеј на забранета уметност во Узбекистан основан од електричар

Сместен е среде никаде, но поседува една од најголемите светски збирки на авангардна уметност, која била спасена од чистките на Сталин. Херојот бил еден електричар.

Роџер Федерер не е од планетата земја

Најголемиот тенисер на сите времиња тренираше на Ролан Гарос првпат после четири години отсуство од овој турнир поради повреди. И направи еден прием каков што не сме виделе во тенисот.

Малку забава со видео направено од монтажер бадијалџија

Кога сфаќаш дека понудата во оваа спортска среда се состои од натпревари на Пескара, Пиза, Минесота Јунајтед, Тун, Домжале, како и норвешки куп, седнуваш и наоѓаш ваква занимација.

Радикално решение за климатските промени што добро ќе ни дојде

Доколку се продолжи со загревањето на планетава луѓето низ Европа ќе мора да почнат да работат драстично помалку часови неделно за да се избегне климатска катастрофа. Колку драстично? Максимум 9-работни часа неделно.

Слушнавте ли за студентите од Велс што ќе играат квалификации за Лига Европа

Најголемо изненадување на сезоната се сметаше Ајакс, но од пред неколку дена малиот Кардиф Мет Универзитет од Велс од нигде никаде му го зема приматот на славниот клуб од Амстердам.