Мадона мисли дека сме глупи

Мадона веројатно се изнаслуша и се изначита за себе после настапот на Евровизија, ама - не е точно!

Беше почесна гостинка на настанот во Тел Авив и настапи со Like A Prayer и новиот сингл Future.

Успеа да не падне (нели паѓаше нешто, на некој претходен концерт), иако носеше наметка и имаше многу скали во сценографијата. А дури и да се случеше тоа, никој немаше толку да обрне внимание… Заради гласот.

Гласот дефинитивно беше проблем, иако главно луѓето беа среќни што ја гледаат таму. Е сега, добро. Сите објавија колку Мадона тапа звучеше на Евровизија. 

И Мадона објави како звучеше. И во видеото на Мадона некако… боље звучи.

Среќа има две видеа за споредба.

Еве како сите слушнаа:

Еве како Мадона сака да памтиме:

Добро, Мадона.

(Внимателна беше со скалите, бе, научила.)

22 мај 2019 - 19:06