Седум гадни невести

Звучи како модерна бајка? Е па, не е.

Имаме седум сведоштва, од недолжни деверуши и секоја морала да се справи со брајдзила. Ние сме пишувале колку можат невестита да бидат неподносливи, ама секогаш може и полошо и потрачарско.

Како на пример:

Недозволено доење

„Сè уште доев и прашав дали може фустанот за деверуша што го купив сама да го добијам дома, наместо да стигне кај нејзе. Морав да го однесам да го изменат, за да направам да се отвора на едно место (со ролка беше), за да можам да го дојам бебето кај нејзе на свадба. Планирав и да се покривам. Невестата рече нема шанси: не може да го менувам фустанот за да го хранам бебето на секои неколку часа. Реков, тогаш не можам да бидам деверуша ако се такви условите. Затоа на свадбата се појавив како гостинка, во секси фустан со деколте, и ја шлапнав цицката на маса и доев.”

Шворц елф-невеста

„Мојата блиска другарка сакаше да ѝ бидам старосватица. Почнавме да планираме свадба година дена однапред. Прво, не можеше да си ја дозволи локацијата, па јас ја платив, како подарок. Цело време се мислеше околу бојата и темата, па избра нешто што ќе беше едноставно, но убаво. Потоа, не можеше да си дозволи фустани за деверушите. Добро, евтини се, си го купив мојот и фустаните на помалите деверуши. Не можеше да си дозволи цвеќиња, па мајка ѝ плати. Татко ѝ го купи фустанот. Таа избра сè сама, ние плативме. И на крај се предомисли. За сè. Боите и цвеќињата? Ништо. Темата? Отиде од едноставна и класична, до - сите да мораат да носат костими. Фустанот? Го продаде и купи елфски фустан како од Господар на прстените. Вереникот го облече во оклоп.”

Супа од портокал, или ќе видите убаво

„Пред неколку години, бев старосватица на свадбата на тогашната најдобра другарка. Многу работи си направи сама, а јас излегов со нејзе една недела пред настанот да помогнам со финесите. Сè помина како што треба додека еден ден пред свадбата не се јави баба ѝ и не и кажа дека со дедо ѝ не можат да тргнат заради снегот - беше јануари. Немаше шанси да стигнат за два дена. Невестата полуде. Вриштеше, плачеше, хистерија - сè.

Тој ден, невестата, мајка ѝ и јас требаше да завршиме со храната за приемот. Невестата сакаше да служиме супа од портокали, што е превкусно, но бара многу време за подготвување. Трите планиравме да го средиме тоа заедно, но сега мајката ја однесе невестата во соба да се смири, а имаше уште 400 портокали и 200 лимони што требаше да се лупат, цедат и варат.

Па, така и направив. Изрендав кора од 400 портокали и 200 лимони. Па, излупив 400 портокали и 200 лимони. После сечкав 400 портокали и 200 лимони. Мајката на младоженецот заврши со другата храна на време, за да има време и супата да ја направи, што беше во ред, затоа што до тогаш веќе имав толку многу грчеви во прстите што не можев да ги исправам.”

Или на планина, или не се мажам

„Една моја другарка беше деверуша на свадба што се оддржуваше на врв планина. Звучи доста нормално, со тоа што беше надвор од Њујорк, во ЈАНУАРИ. Значи, деверушите и гостите мораа да се возат на ски лифт по планина, дотерани, на минус температури. Не им беше дозволено да носат капути за многуте фотографии што требаше да се прават надвор. За среќа, невестата покажа добра волја и им дозволи да носат чизми и јакни за време на венчавањето, само што, мораа да бидат црни и без крзно. На деверушите им даде греачи за раце.”

Не може зголемување на гради

„Ова е приказна што трае во моментов. Операцијата за зголемување на градите ми е закажана за крајот на месецов. Долго време сонувам за ова и конечно имам шанса и пари. Наводно, другарка ми не е пресреќна. Нејзината свадба е во септември и јас сум старосватица. Досега сè се одвиваше добро, но сега ме праша дали би размислила да ја направам операцијата по свадбата. Се изненадив затоа што знае дека ми е совршен тајмингот и имам многу причини за тоа. Љубопитна бев зошто ми бара така. Рече дека таа сака да биде најзгодна на свадбата, а јас можам да ја засенам со новите цицки. Реков дека ако толку ѝ пречи, ќе носам нешто што не открива премногу. Сега ми е лута затоа што ѝ реков дека нема да го променам датумот.”

Должности на другарките

„Ако си невеста, имај обзир за времето и личниот живот на деверушите. Размисли за тоа дека целата женска банда не мора да дојде со тебе и дечко ти да бирате облека за него. Да, ова навистина ми се случи! Деверушата треба да помогне кога невестата ќе замоли, но нека ви текне дека ако вие се мажите, не значи дека светот запрел за да ви го направи ќеифот и дека тоа што по сто пати ќе ѝ се јавиш на старосватицата на работа и не е баш пријатно. Ние сè уште имаме работа и живот и не можеме да учествуваме во сите настани што водат до вашиот голем ден.”

Дебела си

„Снаа ми ме замоли да ѝ бидам деверуша. Сите деверуши ги праша кој број носат за да нарача фустани. Јас се породив три недели претходно, па не знаев што да одговорам затоа што сè уште слабеев. Се измерив и излезе дека сум 6-ка, па и реков да нарача 6-ка, а јас ако треба ќе го стеснам кога ќе дојде време. Ѝ реков дека може да го нарача и поблиску до датумот на свадбата. Ми рече, ‘О, мила, јас сум 6-ка. Слатко е што мислиш дека си уште 6-ка, ама не си. Ќе ти нарачам 10-ка.’ Откако ми ја смачка самодовербата, ја одбив за деверуша и на свадбата се појавив во фустан 2-ка.”

22 мај 2019 - 18:51