И на грдите животни им треба љубов

Затоа што пандите се однесуваат како да се Кардашијан меѓу загрозените животни, група биолози формираше здружение за Заштита на грдите животни, кое треба да покаже дека во светот има и други животни што треба да се спасат.

И покрај тоа што се повеќе им навлегуваме во природните живеалишта на животните, сепак најголемиот дел од живиот свет е доста оддалечен од луѓето.

"Друштвото за заштита на грдите животни е посветено на подобрување на профилот на некои од естетски хендикепираните деца на Мајка природа. Пандите добиваат премногу внимание," пишува на нивниот сајт.

Сега друштвото бара од јавноста да им помогне да одберат официјална маскота која ќе биде на сите нивни кампањи. Правилата се крајно едноставни: животното кое ќе биде изгласано за најгрдо победува. Победникот ќе го соопшти билогот и комичар Сајмон Ват и тоа на Британскиот фестивал на науката, кој треба да се одржи следниот месец.

30 август 2013 - 16:16