Вакцината нема да биде крајот на пандемијата, за сега

Иако се поголеми стануваат шансите дека наскоро ќе имаме вакцина, малку е веројатно дека тоа ќе биде „нокаутот“ за пандемијата што го очекуваме.

Здравствените експерти потврдуваат дека е точно дека пандемијата ќе ја решиме со вакцина, меѓутоа не треба да се имаат вакви очекувања од првата верзија на вакцината.

Моментално на глобално ниво има речиси 200 кандидати за вакцина што се во развој, од нив 27 веќе се тестираат на луѓе а неколку веќе се во напредна фаза на клиничко тестирање.

Ама... искуството е дека вакцините од прва генерација обично не успеваат да го запрат вирусот, па затоа експертите имаат поскромни очекувања.

„Моментално потребно е нешто што ќе ја ублажи штетата предизвикана од вирусите. Можеби вакцината нема да те заштити од заразување, ама ќе спречи да бидеш хоспитализиран, или да не умреш... такво нешто би било извонредно,“ објаснува експертот за заразни болести од Џон Хопкинс Универзитетот, Амеш Адалџа.

Во пракса имаме вакцини како оние за сипаници кои траат до крај на живот, но во исто време има и вакцини, како онаа против грип, кои секоја година мораат да се примаат.

Дополнителна варијабла во успешноста на вакцината е дали таа ќе биде дадена на доволен број луѓе за да се постигне посакуваното ниво на имунизираност кое ќе го задуши вирусот. Ова во прво време ќе биде отежнато од глобалните капацитети за производство на вакцината плус отпорот што ќе се создаде против вакцинација.

„Дури и вакцината да стане достапна, коронавирусот и понатаму ќе се задржи, и ќе заразува па дури и убива луѓе. Само бројките ќе бидат помали,“ пишува Сем Бејкер во текстот за Аксиос.

28 јули 2020 - 10:50