Во бројката од 20.000 три-четвртини имаат примено вакцина, а останатите се држени на плацебо. Освен ова, Гардијан пренесува дека од вакцинацијата не произлегла никаква посериозна контра-реакција, а меѓу пријавените имало само благи симптоми, меѓу кои болка на местото на кое е ставена вакцината, слабост или немање енергија и симптоми налик грип.
Кај 14.964 вакцинирани дијагностицирани се само 16 случаи на заразени (0,1%), додека кај 4.902 невакцинирани имало вкупно 62 случаи на ковид (1,3%). Меѓу учесниците имало и 2.144 лица на возраст над 60 години, кај кои успешноста на вакцината била 91,8%.
За време на студијата се случиле 4 смртни случаи. Од нив едно лице било од плацебо групата и починало како последица на мозочен удар, а останатите тројца се од вакцинираните, меѓутоа смртта не се припишува на вакцината. Еден од нив починал од фрактура, а останатите двајца имале претходна состојба и развиле симптоми на ковид-19 четири до пет дена по давањето на првата доза од вакцината, што според научниците покажува дека тие биле заразени уште пред да почне студијата.
Спутник, како и најголемиот дел од останатите вакцини се дава во две дози, во период од 21 ден.
Сега се работи на последната студија на ефикасноста на Спутник во која треба да учествуваат најмалку 40.000 лица.