Американскиот центар за заразни болести и превенција можеше само да додаде „активно ги гледаме резултатите“ по објавувањето на броките од тестирањата во едно бостонско прибежиште за бедомници каде што претходно бил забележан мал кластер на ковид позитивни луѓе.
Ги тестирале масовно па утврдиле дека од 397 луѓе, позитивни се 146. Истовремено, ниеден од нив нема никакви симптоми на болест.
„Тоа беше како двоен нокаут. Бројот на позитивни нè шокираше но ништо помалку шокантен беше фактот дека 100% од нив немаат никакви симптоми,“ вели првиот човек на здравствениот програм за бездомници во Бостон.
Не е јасно точно зошто, но надлежните соопштија дека ваквите резултати ќе доведат до промени во скрининзите и тестирањата на бездомници - тоа во иднина ќе било правено само ако некој од нив дигне 38 температура.
„Којзнае дали ако направиме универзално тестирање во општата популација, ќе добиеме слични бројки?“ се прашува претседателката на домот.