Нов корона симптом забележан кај младите

Коронавирусот не престанува да ги збунува научниците. Во време кога сè повеќе млади ја закачуваат болеста, кај нив се забележува дека примарен симптом не е оној кој го имаат постарите. Не ги фаќа треска туку ги боли стомак.

Возрасни а млади луѓе под 35 години почнуваат да заболуваат од коронавирус по алармантни стапки. Но лекарите забележуваат дека болеста кај нив почнува да се манифестира на поинаков начин. Додека покачената температура и треската останува главен симптом кај возрасните луѓе, кај оние под 35 години најверојатно прво ќе се јават болки во стомакот, а неретко и главоболки.

„Спектарот на симптоми на коронавирусот продолжува да се шири и сè повеќе имаме млади луѓе кои доаѓаат без треска но со абдоминални болки“, вели доктор Вилијам Шафнер, професор за инфективни болести од Вандербилт.

Меѓу другите симптоми кај кои докторите детектираат зачестеност меѓу младите се и мигрени, мачнини и дијареа. Можно е да постои и уште некој но обично се каска зад ковидот- паметите дека за губењето на осетот за мирис и вкус беше алармирано дури кон крајот на март.

Американскиот центар за заразни болести и превенција ги листа следниве симптоми вредни за следење:

- треска и топло-ладно

- кашлица

- краток здив и проблеми во дишењето

- малаксаност

- болки во мускулите и зглобовите

- главоболки

- губење на чувството за мирис и вкус

- болно грло

- растечен нос

- мачнини и повраќање

- дијареа.

Кој бил мамурен кога е настинат, знае како е.

17 јули 2020 - 10:44