Лос Анџелес ќе ги тестира сите 600.000 ученици за ковид-19

Лос Анџелес е втората по големина училишна област во САД, па од таму и бројката од 600.000 деца, а освен нив ќе бидат тестирани и 75.000 професори и придружен кадар, како дел од подготовките за отворање на училиштата.

Планот е во понеделник да се почне со тестирање во дел од училиштата и со тек на време да се опфати целата училишна област. Дополнително, бесплатно ќе бидат тестирани и семејствата на сите деца што ќе бидат позитивни на тестот.

Тестирањето од ковид-19, ќе биде придружено и со следење на контакти за сите погоре споменати.

Без разлика на исходот од тестирањата, дали училиштата во Лос Анџелес ќе отворат за настава од клупи, ќе зависи од одлуката на калифорниските власти.

Моментално во Лос Анџелес има два пати поголем број на случаи на ковид-19, отколку што е препорачано во официјалните здравствени насоки за отворање на училиштата.

Во последните 2 недели од јули, на ниво на САД имаше 97.000 случаи на ковид-19 кај деца.

18 август 2020 - 10:27