Калориите се спонзоруши

Затоа што диетите, апчињата и програмите за вежбање не се ефективни за контролирање на дебелината, научниците се решија едноставно да почнат да им плаќаат пари на луѓето за да престанат да јадат. И без разлика како ви звучи, ова функционира.

Во истражувањето 100 луѓе биле поделени на 4 групи, од кои 2 добивале пари, а две не добивале ништо за тоа што ќе ослабат.

Учесниците биле следени цела година и требало да слабеат по 2 килограма месечно. Оние од групите на кои им се плаќа за да слабеат ако успеале да симнат 2 кг, добивале бонус од 20 долари, ако не ја оствареле целта требало да платат 20 долари (на крај парите собрани од казни биле ставени на лутрија).

На крај 62% од членовите на субвенционираните групи успеале да ги постигнат целите, наспроти 26% од групите кои не добивале пари за слабеење.

8 март 2013 - 19:51