Циклусот е следен: кога пушташ вода во вц-шолја што нема капак, вртлогот од водата исфрла фекални честички во воздух каде тие лебдат во загаден облак; кога ќе го активираш сушачот за раце, тој ги собира овие честички преку влезот за воздух, ги загрева, и ги распрскува врз твоите мокри раце и други мокри, гостољубиви површини на кои нивните бактерии можат да живеат и напредуваат.
Во делот од студијата кој звучи како реклама се наведува дека ХЕПА филтрите на сушачите значително го ограничуваат ваквото ширење.
Ваквото олеснување во студијата на Универзитетот во Конектикат не важи за местата поврзани со истражување заразни болести или што се дел од здравството, на кои им се препорачува комплетно отстранување на сушачите и враќање на користење хартија за раце. Ова веќе е направено на 36 локации во Медицинската школа на Универзитетот во Конектикат на кои се спроведуваат истражувања.