Развлекувањето на вакцинирањето низ два месеца дало поголем број на ковид антитела и поголем удел на корисните Т-клетки. Доколку периодот меѓу двете вакцини се зголеми на 12 недели, заштитата со втората доза е уште поголема, меѓутоа во ова сценарио драстично се зголемува и ризикот од заразување, посебно во време кога доминира брзоширечкиот Делта сој.
Заради ова, оптимумот кој го наоѓа студијата на Универзитетот во Оксфорд е 8 недели.
Според нив, и краткиот (3 до 4 недели) и долгиот (10 недели) интервал создал „силен имунитетен одговор“, но поголемата временска разлика имала уште повисоки нивоа и на антитела и на Т-клетки.
Меѓутоа кај подолгиот интервал бројот на антитела драстично паднал во периодот меѓу првата и втората вакцина, и во тоа време ги оставил пациентите без заштита и ранливи на Делта варијантата.
Тоа што утешува е дека и во двата случаи реакцијата на Т-клетките била конзистентна, што покажува дека тие во овој период може придонесуваат за заштита од ковид-19.
Научниците препорачале скратениот интервал и понатаму да се употребува кај лица кои имаат здравствени проблеми што го загрозуваат имунитетниот систем, како рак или трансплантација на органи.