Центарот порачува дека главната насока за третман на болеста во иднина ќе ја даваат симптомите а не резултатите од тестовите. На пример, за оние со треска, ќе биде потребно да спуштат температура на нормала најмалку 24 часа.
Сметаат дека на овој начин ќе се избегне непотребно изолирање на лица и нивно оттргнување од работните и други обврски.
Во документот се потсетува дека SARS-CoV-2, вирусот кој предизвикува ковид-19, е толку нов вирус што докторите допрва дознаваат основни работи за тоа како вирусот функционира. Последниве препораки се резултат на моменталното знаење за болеста.
„Податоците кои ги знаеме сега не ги знаевме на почетокот на пандемијата. Нашите препораки се сè поцврсто темелени на научно утврдени факти но нови податоци за болеста и натаму стигнуваат“ вели професорот по имунологија Роџер Шапиро.