Откритието е на Универзитетот на Западна Австралија, од каде решиле да направат ревизија на нивното пребројување на викиншките остатоци. До сега сите скелети што ќе ги нашле закопани со меч тие автоматски ги евидентирале како мажи, а женските остатоци биле идентификувани според брошовите.
Сега тие одлучиле на научна основа да го извршат идентификувањето, проучувајќи ги остеолошките знаци на половите преку откопаните коски. Крајниот резултат е дека половина од откриените воини се жени.
Ова откритие влијае на еден друг стереотип околу пљачкосувањата и силувањата на викиншките походи.
"Жените најверојатно ги придружувале машките Викинзи во почетните инвазии на Англија, во многу поголеми броеви отколку што претходно се претпоставуваше. Наместо како разјарена хорда од легендите, Викинзите пристигнувале како семејни колонизатори," објаснуваат истражувачите.