Шкотски научници објавија труд кој ја доведува во прашање популарната теорија дека нашиот орган за мислење се развил затоа што општествените интеракции меѓу луѓето станувале сè посложени. Тие мислат дека можеби е обратно:
„Нашите резултати се интригантни бидејќи сугерираат дека некои аспекти од сложените општествените односи веројатно се последица а не причина за големиот мозок“, вели еден од авторите од Универзитетот Сент Ендрјуз, кој претпоставува дека големината на тој орган најверојатно произлегла од решавање проблеми на кои се наидувало во природата а не заради општествените односи.
Мозокот на модерниот човек е три пати поголем од оној кој го поседувал човеколикиот предок, аустралопитекусот. Еволутивната логика во некој момент решава да го жртвува телесниот раст за да се добие поголем церебрален капацитет.
Добиениот орган ни е прилично скап за одржување бидејќи одзема една петина од целокупната енергија на организмот. Таквото хранење на големиот мозок луѓето ги кошта забавен телесен раст во детството поради што човечките потомци се подолго време зависни од родителите и се многу поранливи во споредба со другите животински младунчиња.