Отако постојат податоци за популарноста на американските имиња (а постојат уште од 1.800-та година), Мери стандардно беше едно од омилените женски имиња во земјата.
Падот започнува во 1961-ва година за минатата година Мери да се најде на 112-тото место. Во апсолутни бројки, бројот на девојчиња кои го добиле ова име паднал за 94 проценти од пресудната 1961-ва година.
Модернизацијата на општеството носи и индивидуализација на имињата. Родителскиот избор веќе не се темели на традицијата и религијата туку на вкусот. А Мери е симбол и на традицијата и истовремено е силен религиозен бренд.
Ако замислиме дека имињата се на коњска трка, тогаш Мери прво изгуби од Линда, па од Лиза, Џенифер, Ешли, Џесика з во последно време да ја претркаат и Изабела и Софија.
Интересно е што трендот на популарноста на имињата е толку стабилен што со минмална грешка од 3 проценти може да се предвиди колку деца ќе добијат некое име во некоја наредна година, што е прилично чудно ако се има предвид тезата дека имињата денес се даваат со потполна слобода.