Од утре, еден ден од неделата низ градот нема да може да се возат приватни автомобили. Службени возила, таксија и најразлични итни служби се дозволени. Планот ќе важи до крајот на јуни, кога е почетокот на сезоната на дождови која обично го подобрува квалитетот на воздухот.
Според истражувачот Лукас Дејвис од Беркли, ова не само што не помага, туку на долг рок и ги влошува работите. Еден од проблемите со овој метод е што придружувањето до правилата е премногу комплицирано.
За да ја испочитуваат забраната луѓето треба на работа да одат со метро или со автобус. Бидејќи ова е премногу споро и ни најмалку пријатно искуство, семејствата обично се решаваат на купување втор автомобил со различен број на регистрација (за случаите кога се воведува пар – не пар возење), или користат таксија, "што е едно од објаснувањата зошто досегашните забрани не успеале."
Дејвис со години ги анализира резултатите од забраните за возење во градот, и неговото објаснување зошто и понатаму се инсистира на исти решенија кои не даваат резултати, е дека "политичарите сакаат да направат нешто околу проблемот, и забраната за возење автомобили им изгледа како да прават нешто."