Мегапроектите на светот

Во конкуренција влегуваат проектите завршени во последните 3 години или оние чија изградба се уште е во тек.

Проширување на Панамскиот канал, Панама

Време на изградба: 11 години
Цена на изградба: 5,25 милијарди долари
Оригиналниот канал е изграден 1914-та и проектиран за бродовите од тоа време. Новиот апгрејд треба да биде комотен за новите далеку поголеми бродови, да биде готов во 2016-та и предвидува нов, 6,1 километар долг канал, за кој се потребни 4,4 милиони кубни метри бетон.

 

Порт Ман мостот, Ванкувер

Време на изградба: 6 години
Цена на изградба: 1,93 милијарди долари
До неодамна најширок мост на светот, и актуелен втор најдолг мост в Северна Америка. Употребни се вкупно 288 кабли, кои треба да го одржуваат 2093 метри долгиот мост.

 

Браната 3 клисури, Кина

Време на изградба: 17 години
Цена на изградба: 22 милијарди долари
Широка 40 метри, долга 2316 метри, висока 181 метар, и има 32 главни турбини за производство на струја.

 

Светскиот трговски центар 1, Њујорк

Време на изградба: 7 години
Цена на изградба: 3,8 милијарди долари
Највисоката зграда во западната хемисфера се издига до 541 метар над Њујорк.

 

Висечкиот мост Аижаи, Кина

Време на изградба:
5 години
Цена на изградба: 600 милиони долари
Највисокиот мост на светот спојува два тунела во Кина, и се наоѓа на 365 метри над кањонот Деханг. Долг е речиси 1,2 километри.

 

Тунелот Мармарај, Турција

Време на изградба: 9 години
Цена на изградба: 4,5 милијарди долари
75 километри долгиот подводен тунел ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул.

 

ФФР Гранд Стад, Париз

Време на изградба: 4 години
Цена на изградба: 552 милиони долари
Кров што се отвора, игралиште што се повлекува и 82.000 седишта. Вкупната површина му е 185.800 метри квадратни.

 

Индустрискиот град Џубаил, Саудиска Арабија

Време на изградба: 10 години
Цена на изградба: 11 милијарди долари
Градот во 1970-те е изграден сред пустина и служи како индустриски центар. Меѓутоа во изминатата деценија тие одлучија да му направат 11 милијарди долари вреден апдејт. Проектот има 4 фази, во кои на 20 милиони метри квадратни треба да се кренат 8 индустриски фабрики, четири блокови за петро-хемиска индустрија, три блокови за услужни индустрии и четири блокови за алуминиум и останати топилници. Во сумата не се вклучени трошоците за отстранување ридови, копање тунели, проширување на оптичка мрежа, изградба на автопатишта и користење на морска вода за ладење.

 

Лондонската железница, Лондон

Време на изградба: 11 години
Цена на изградба: 23 милијарди долари

8 машини за копање тунели неодамна пробија нови 42 километри во тунели под Лондон за нова лента на метрото која ќе поврзува 40 станици - вклучувајќи и 10 комплетно нови - за подобрување на превозот во градот.

 

Мостот Хонг Конг - Жухаи - Макао, Кина

Време на изградба: 7 години
Цена на изградба: 10,6 милијарди долари
Мост, подводни тунели, вештачки острови за влез во тунелот и спојување на деловите на мостот.

 

Хотелот Сонгџианг, Кина

Време на изградба: 2 години
Цена на изградба: 538 милиони долари
На прв поглед го забележуваш водопадот што е поставен по целата висина на хотелот. Како посетител дознаваш дека хотелот има 2 спрата под земја.

Останатите проекти тука

12 август 2015 - 11:39