„Сакам компанијата да копа тунели за инфраструктура за водовод, канализација, струја. Нема да ги кренеме носовите пред тунелите за канализација. И тоа ќе го завршиме со задоволство,“ изјавил Маск на Самитот на градови на американската Национална лига на градови.
Освен што објаснил дека главна цел на компанијата е да се трансформира транспортната мрежа во САД, Маск нагласува дека клуч за тоа е прво да им се даде поддршка на градовите во решавањето на тековните инфраструктурни проблеми.
Тековниот проект на Боринг за подземно поврзување на Лос Анџелес и Сан Франциско би требало да е готов во рок од 4 години, а првите тестови се очекува да почнат во декември годинава.
Како дел од проектот за подземен транспорт на возила, Маск едно време ја нафрли и идејата да почнат да произведуваат цигли од земјата и камењата што ќе ги ископуваат.
На годишниот самит учествуваат речиси 4.000 градоначалници и градски функционери од цел САД.