Барањето е од парламентарецот Енрду Росиндел, а се однесува на Бибиси 1 кој се до 1997 секој ден по завршувањето на својата програма ја свиреше националната химна. Оваа пракса беше укината како дел од приклучувањето на Британија кон ЕУ. Идејата на Росиндел е пак да се почне со пуштањето на “God Save the Queen” за да се обележи брегзит и 90-от роденден на кралицата.
"Порано го правеа ова и време е пак да се почне, за да се испрати порака дека Британија се враќа, по брегзит и во чест на нејзиното Височество во оваа, нејзина 90-та година," изјавил Росиндел за Телеграф.
Иако не се на Бибиси 1, Нузнајт на Бибиси 2 одговори на барањето на Росиндел и ја пуштија God Save the Queen како одјава на емисијата. Британски совршеното "фак ју" за Росиндел беше што ова е God Save the Queen на Секс пистолс.