Во 2011 година платени ангажмани имале 56% од малолетните лица на 17 годишна возраст. Оваа година нивното учество на пазарот на трудот е 68%.
Но, не работат само тие. Во Исланд легалната граница за некаков платен ангажман е 13 години и таа можност се користи сè повеќе.
На работа се 13% од 13 годишниците, 21% од 14 годишниците, 45% од младите на 15 години и 58% од оние кои имаат 16 години.
Повеќето од малолетните лица се вработени во секторот трговија, на големо или на мало, како и во услужните дејности, во ресторани и хотели.