Пристапот до природно светло и поглед надвор е број еден атрибут на работната околина што го побарале испитаниците во анкетата на Фјучр воркплејс. Победата на природното светло е во конкуренција на кафетерија во работните простории, фитнес центар и градинка.
Во исто време недостатокот на природно светло или прозорец за 47% од испитаниците било причина да се чувствуваат уморно или многу уморно, додека 43% се чувствувале потиштено по иста основа.
Пред анкетата студија на Корнел универзитетот покажува дека оптимизацијата на природното светло во канцелариите значително го подобрува здравјето и добробитта на вработените. Нивните бројки покажуваат дека вработени во канцеларии со природно светло пријавиле 51% пад на проблеми со очите, 63% пад на главоболки и 56% пад на поспаност.
По основа на вакви и слични истражувања се стига до примери како Сферата на Амазон, седиштето на компанијата во Сиетл, која е опкружена со над 40.000 растенија. Џунглата помага во поттикнување на прошетки кај вработените и подобрување на задоволството од работната позиција.
„ЦЕО-та почнуваат да се фокусираат на тоа како работното место може да доведе до поголема продуктивност. Канцеларијата на Оверсток во Солт лејк сити од 21.000 метри квадратни има панорамски поглед на околната долина. Наместо да го попречат погледот со венецијанери, ЦЕО-то на компанијата бара решение како да ги одржи неговите вработени поврзани со погледот додека работат. Па Оверсток инсталира 2.800 метри квадратни паметни прозори кои автоматски го оптимизираат протокот на природна светлина, што спречува сонцето да удира во екраните на вработените а истовремено создава покреативна околина,“ објаснува Џин Меистер во текстот на Харвард бизнис ривју.