4 дневната работна недела функционира

Експеримент на Мајкрософт Јапонија кој меѓу другото вклучуваше работење 4 дена во неделата покажа сериознио добри резултати. Не само што работниците се позадоволни туку и продуктивноста била зголемена за речќиси 40%.

Мајкрософт Јапонија во август не отворале во петок во еден обид да ги испитаат модалитетите како да помогнат во балансирање на бинарниот работа- живот модел и да воведат пофлексибилни работни услови за да се поттикне креативноста и продуктивноста на вработените.

Потоа ги измериле резултатите и дошле до податок дека тој август за 39% бил попродуктивен од август претходната година. 

Веројатно дел од зголемената продуктивност лежи и во едно друго правило на експериментот- состаноците да не можат да траат повеќе од половина час.

Потребата од намалување на бројот на работни денови се повеќе се појавува на испитувања а некои фирми веќе и трајно го имаат усвоено овој модел.

Од другите бенефити на експериментот: бројот на испечатени страници документи бил намален за 58,7% а струја се потрошило 23,1% помалку од претходниот август.

29 јануари 2020 - 13:33