Мериот ги укинува масите во собите

Сакајќи да направи простор за новата генерација хотелски гости, познатиот ланец Мериот реши своите соби во иднина да ги ослободи од масите. 

"Големиот дескодус во Мериот" e наслов на некои медиумски осврти на одлуката на менаџментот на Мериот во иднина хотелските соби да немаат маси.

Се работи за наводен глобален редизајн чија цел е да го редефинира хотелскиот простор на Мериот за потребите на милениумската генерација.

А маса во соба, стварно, за што? Ниту јадат, ниту седат, ниту пишуваат есеи на неа.

"Милениумците со себе не носат куфери па во иднина плакарите ќе бидат помали а телевизорите и купатилата поголеми," гласат дел од најавите за плановите на компанијата.

Иако Мериот не ги официјализирале ваквите идеи, се чини дека нивната нова дизајнерска филозофија сака да ѝ угоди на генерацијата растена на лаптопи и таблети на кои не им треба фиксна позиција каква што е масата. Истовремено, на гостите "од иднината" се сака да им се понуди попросторен ентериер во кој ќе можат да се чувствуваат послободно. 

Или Мериот не зне што сака или пак светот се менува премногу брзо: пред само неколку години истиот Мериот се редизајнираше првенствено за да ги задоволи оние гости кои се дојдени по некој бизнис заради што се инсистираше на ергономски фотељи и - маси

 

22 декември 2015 - 14:41