Студијата на Американците покажува дека смртна на мозочните ќелии може да биде стопирана а некои конекции во мозокот да бидат реставрирани, во нивниот случај сепак не до момент во кој може да се говори за враќање на некаква свесност. Но, и вакви резултати ја предизвикуваат доминантната теорија дека мозокот оди во иреверизибилна смрт ако нема кислород, минута-две откако ќе престане дотокот на крв.
32 свински мозоци биле земени од кланица, четири часа подоцна биле приклучени на систем кој ритмички пумпал (за да имитира пулс) специјално подготвена течност која била коктел од лекарства и синтетичка крв со кислород во себе. Во коктелот мозоците биле регенерирани 6 часа.
Студијата на научниците од Јејл, објавена во магазинот Природа покажала видлива редукција на исклучувањето на мозочните келии, реставрација на крвни садови и извесна мозочна активност која се должела на оживување на синапсите, односно конекцијата меѓу ќелиите која им овозможува да комуницираат.
Мозоците исто така покажале нормална реакција на медикаменти и притоа користеле иста количина кислород како и во нормална состојба.
Сето ова се случува 10 часа откако животните биле обезглавени.