Како го вежбаше Крис Рок монологот за Оскарите

Пред да се случи вчерашниот настап на Оскарите, Крис Рок во изминатите две недели најмалку 10 пати се појавил во стендап клубот Комеди стор во Западен Холивуд, за да го испробува својот материјал.

Според човекот што ги закажува комичарите во клубот, Адам Егет, некои од настапите на Рок биле по 15 минути, а некои траеле и по половина час. Сето ова кулминира во саботата вечерта кога заедно со Рок во клубот настапиле и Луи Ц.К., Дејв Шапел, Дејн Кук и Марк Марон.

Егет објаснува дека од првиот до последниот настап, шегите на Рок постојано еволуирале.

"Тој стварно го скрати вишокот и остави само чисто. Имаше денови, дури и по четвртиот ден, кога ќе кажеше 'ова нема да ми пројде.' Ама после ќе го чујам како пак ја раскажува и веќе има сменето збор или два," изјавил Егет за Вашингтон Тајмс.

За време на настапите на Рок, бил ангажиран дополнителен персонал за да "патролира" низ клубот и да проверува дали некој ги запишува форите или некој на друг начин го снима материјалот на Рок. Тие што се фатени дека снимаат добиваат по едно предупредување да престанат, вториот пат ги исфрлаат од клубот.

Во случајот со Луи Ц.К., кој во саботата вежбал цели сетови нов материјал, додадено е уште едно ниво на заштита па сите гости добиваат торбичка во која ги оставаат своите мобилни уреди. За време на настапот торбата сама се заклучува.

И покрај ова, новинарот на Пост открива неколку места на Фејсбук каде во приватни статуси е објавен дел од материјалот на Рок.

Еве што излезе од материјалот:

29 февруари 2016 - 15:00