Екс вработена бара од компанијата која го управува веб сајтот Ashley Madison 20 милиони долари отштета.
Дориана Силва своевремено била ангажирана од овој сајт за онлајн познанства за да креира лажни профили на жени со што би се привлекла машка публика.
Бразилката која живее во Торонто земала 34.000 долари за да штанца "жени" од португалско јазично подрачје за да се покрие бразилскиот пазар на осамени луѓе во потрага по авантури.
Но, ѝ биле дадени само три недели во кои морала да фабрикува 1.000 лажни женски профили.
И тука е основата на тужбата. Сите оние силни пари ги бара затоа што си го повредила зглобот при пришување, настојувајќи да го стигне прекраткиот рок.
Приказнава има и други детали кои во моментов не ни се битни.