Светот во женски гради

Германците составија светска мапа за длабочина на женското деколте, и за почеток сосема не се согласуваме со неа на локално ниво.

По оваа мапа најголеми гради имаат Русинките и Скандинавките, кои со просечна длабочина на градникот над "Д" се машала пред останатите жени во светот. Најмалите гради на светот имаат жените во Кина и Африка каде просечната големина на градниците е заглавена на "A". Во оваа група влегуваат и Индија, Пакистан, Саудиска Арабија.

Од петте можни нивоа на мапата, Македонките се ставени во претпоследната група, која е со просечна длабочина "Б". На европско ниво, Македонија е во иста група со Молдавија, Ирска, Шпанија, Турција и Португалија.

Целата наша околина, од Гркинки, Србинки, Бугарки и Албанки, па до Босанки, Хрватици и Словенки, Германците измериле дека имаат поголем просек од Македонките.

целата мапа тука

26 април 2012 - 10:38