Предноста е што се гледате на исто место, знаете дека е вработен, минувате време заедно, имате заеднички муабет и генерално ова ви е најлесната опција.
Во анкетата на Флирт.ком 80% од анкетираните изјавиле дека сакаат да спијат со некој од работа. Разликата меѓу половите била во изборот.
73% од жените изјавиле дека човекот со кој би спиеле од работа би требало да има некоја позиција во хиерархијата, за 61% ликови како Роџер Стерлинг (со белата коса од Мед Мен) се најсекси.
За разлика од нив мнозинството од мажите би сакале да имаат нешто со жена на пониските позиции во компанијата, а на 80% им се допаѓа кога жените носеле секси облека.
За 62% од испитаниците најдобар момент за запознавање била божиќната забава. Причина за ова е количината на алкохол што во себе ја имаат колегите и генерално расположената атмосфера.