Исповед на среќната курва

Се до упадот на ФБИ (во кој падна и тогашниот гувернер на Њујорк), Emperor's Club е најелитниот ескорт клуб во Њујорк, во кој клиентите плаќаат и до 30.000 долари на ден за девојка. Во него работи Валери Бабер, поранешниот плејбој модел.

По акцијата, ликот и името на Валери се наоѓа на сите вести, заедно со останатите ескорт девојки "курвата по име Ракел, која наплаќала 1.500 долари од час за нејзините услуги." По скандалот таа се сели во Лондон за почне нов живот. Се враќа на факултет каде добива диплома, а со тек на време станува и магистерка.

Бабер во 2007-ма, на 27 години, престанува да танцува во Penthouse Executive Club и бара некоја друга работа. Се обидува со неколку "меѓусебно корисни" врски со постари мажи, кои вклучуваат и добивање "џерпарлак," додека во исто време ги одбива понудите од другите Плејбој девојки да работи како ескорт.

Разликата од танцувањето до ескорт, ја гледа во тоа што сега ќе треба да сретне еден маж, наместо 40, и дека тој нема да биде под најразлични хемиски супстанции, и дека за 1 час ќе направи исто пари колку што би направила од 7 часа танцување.

Истражува на интернет и по некое време се среќава со сопствениците на Emperor's Club, за кои објаснува дека никој не би помислил дека се занимаваат со таква работа. Потпишува договор за работа со нив, во кој не пишува ништо за секс за пари.

Првиот ангажман го има на 25-ти август 2007.

"Не го нарекоа проба, ама знаев дека ова тест дали можам да се вклопам во компанијата и да ги задоволам нивните клиенти. Не само што ќе докажев дека го имам 'тоа,' туку и дека нема да им избегам со нивната половина од парите.

Апартманот беше во скапа станбена зграда, и кога стигнав околу 23 часот, во син фустан залепен за моето тело, вратата ја отвори добро одржан 40 годишен Евреин. Додека пиевме вино, барав знаци од присуство на жена во неговата педантно исчистена, убаво декорирана дневна соба, ама не го прашав дали е оженет. Станував се повозбудена како што почнувавме да се приближуваме. По некој момент ме покани во неговата спална и го следев без колебање. Ги изброив парите пред него, што ми беше комплетно невкусно, и ова веќе никогаш не го направив пред клиент.

Не знаев точно што ќе правам, само знаев дека ќе го направам ова, и сметав дека возбудата од новото искуство ќе ми помогне во целата работа. Иако возбудена и делумно нервозна, не ми беше тешко да го дадам она што тој го бараше. Сексот беше со заштита, стандарден и готов пред да ми се јават од агенцијата дека минал еден час и дека треба да си одам дома. Човекот беше сосема пристоен, и откако му се заблагодарив за средбата му посакав добра ноќ и си заминав дома со чудно чувство на веселост.

Оставив доволно добар впечаток со мојот прв настап, заради што ми ја зголемија тарифата во агенцијата од 1.000 на 2.000 долари," пишува Бабер во својата исповед.

Таа објаснува дека никогаш не била малтретирана како мала, ниту имала проблем со алкохол и дрога. На 19 години заминува од Оклахома за Холивуд, со доволно пари за кирија за еден месец. Почнува да работи во ноќен клуб, каде што еден од колегите и објаснува дека би можела да заработи многу повеќе пари од стриптиз. По кратко двоумење ја прифаќа понудата. Почнува да заработува по 400 долари од вечер, меѓутоа по секоја вечер плачејќи си оди од клубот.

Со тек на време почнува да прави фото-сесии за веб страни и авто-магазини, за на крај да добие 4-годишен договор со Плејбој ТВ. Од телевизијата си заминува откако од неа бараат да почне да снима "повалкани" видеа.

По ова се враќа на танцување.

"Тука го запознав Бентли, висок, згоден Азиец, кој беше доста дарежлив. Ми понуди по 100 долари за секој половина час што ќе го минам со него, и решив да седнам и да се напијам вино. Пиевме додека ми раскажуваше за проблемите со љубовницата. Ми кажа дека веќе некое време се гледал со неа и дека и давал по 10.000 долари месечно за да ги исплати кредитните картички. На шега му реков дека ако му треба нова љубовница, само треба да ми каже. Ова ги мислев како шега и толку. Ама не излезе шега.

Прв пат кога земав пари од маж знаејќи дека тоа ќе вклучува секс, беше со него. Подоцна се сретнавме на пијачка, и додека седевме на шанкот во хотел, тој ми подаде плик со неколку илјади долари во него. Нешто помалку од месечната тарифа што ја зборевме.

Се извинив, отидов до тоалет, седнав на шолја, го отворив пликот, и ги избројав парите. Се' беше таму.

Одгледана како христијанка, веднаш почнав да се молам. Се молев за прошка за она што ќе го направам. Се молев за неговото семејство и никогаш да не дознаат што прави тој со други жени. Се молев да ми биде простено што всушност ми се допаѓаше.

...

Си мислев, ова не е проституција. Јас го имав неговиот број и тој го имаше мојот. Јас ќе му бидам љубовница, ова е долгорочна врска.

Сексот беше брз и незадоволувачки. Тој беше одозгора и иако беше згоден, сексот не беше посебен. Веднаш штом заврши си отиде. Ја имав целата соба за мене, за да размислам што се случи," раскажува Бабер "возејќи накај дома се чувствував уште поубаво - возбудена и незапирлива. За неколку часа забава заработив колку што би заработила за 3 недели."

Со Бентли раскинува по некое време, а од целото искуство сфаќа дека ако сака да работи со мажи како него не треба да прашува многу прашања и генерално да не го тера воопшто да мисли додека е со неа. По ова таа започнува со неколку други "врски" кои завршуваат откако се преселува во Њујорк.

Мнозинството од мажите со кои работи во Њујорк се некаде на 40-годишна возраст, добро ситуирани, од најразлични професии - професионални коцкари, боксери, доктори, адвокати, банкари и слично.

"Често бев изложена на уникатно искрена перспектива која најголемиот дел од жените никогаш не ја искусуваат. Нешто како свештеник, ама обратно. Она што моите клиенти ми го откриваа за сексот, љубовта и врските, е нешто на што сум навистина благодарна. Мажите не се свињи. Како и жените, тие само имаат потреба да бидат почитувани, сакани, да ги ислушаш и да не ги осудуваш. Тие треба да бидат допрени и обожувани. Тие треба да бидат со некој што се труди да ги одржи сите работи што нив на прво место ги привлекле. Изгледа едноставно, ама овие работи често пати се занемарени од нивните сопруги," пишува Бабер.

16 ноември 2013 - 18:34