Заради лошата жетва и големата побарувачка, само во последните 2 месеца цената на ванилата пораснала за 20%. Па од некогашните 25 долари за килограм сега се движи од 35 до 40 долари за килограм.
Дел од причините за растот на цената е лошата берба, кој е сериозен фактор ако се земе во предвид дека ванилата се одгледува само во 4 држави во светот (Мадагарскар, Индонезија, Мексико и Индија). Годинава Мексико објави дека производството опаднало за 90%.
Најсериозно погодени од ова се производителите на сладолед, бидејќи останатите производители на храна, можат да употребат и синтетичка ванила, наместо природен екстракт. За производителите на сладолед, ванилата е најскапа состојка по килограм.
Во следниот период, цената на ванилата се очекува да порасне за дополнителни 10% заради зголемената побарувачка.