Некој направил над 160.000 евра сметка кај „Салт бае“
Салт Бае објави слика на Инстаграм од сметка направена во неговиот ресторан во Абу Даби на островот Ал Мараја со коментар „quality never expensive“. Сумата платена за вечерата која завршила пред 22 часот е 615.065 дирхами или нешто над 161 илјада евра. Само ДДВ-то (5%) е 7671 евро.
Сумата е напишана во дирхами чиј курс отрпилика е 4 спрема 1 во однос на еврото (точно 1 евро = 3,82). Од работите што ги разбираме од сметката, 1 Хајнкен во кафаната е 14,1 евро.