Како треба да изгледа секоја војна

Канада и Данска уште од 1930-тите години водат спор околу малиот остров Ханс кој се наоѓа во Кенеди каналот, меѓу Гренланд и островот Елсмер. Во 1973 година двете држави ја утврдуваат меѓусебната водна граница но не успевaaт да се договорат околу Ханс. Десетина години подоцна, почнува да биднува вака:

На секои неколку месеци, на островот доаѓаат канадските трупи, ставаат државно знаме, го слават освојувањето на островот со алкохол кој им го оставиле Данците и победносно си заминуваат.

После некое време доаѓа мала данска армада, ставаат свое државно знаме, го испиваат алкохолот кој им го оставиле непријателите Канаѓани и победоносно се враќаат во својата матица.

Првото шише пукнало во 1984 година кога Канаѓаните провоцираат оставајќи на островот канадско виски. Истата година Ханс го посетува данскиот министер за Гренланд, остава шише шнапс и порака „Добредојдовте во Данска.“

Оттогаш ваквиот ритуал се нарекува Виски војна односно Војна на пијачките.

12 ноември 2021 - 15:06