Лондон, 6 април 1943 година
Драг мој Реџи,
Во овие темни денови човек има тенденција да бара мали зраци светлина што се излеваат од Рајот. Моите денови се веројатно потемни од твоите, и одвреме-навреме потребна ми е, Боже мој, сета светлина што можам да ја добијам.
Затоа, сакам да споделам со тебе мал блиц што го осветли мојот мрачен живот и да ти кажам дека Бог ми даде нов турски колега, од чија визит картичка разбрав дека се вика Мустафа Кант (cunt = пизда - н.з.).
Сите ние понекогаш се чувствуваме така, Реџи, особено кога пролетта нè мами, но малкумина од нас би се одважиле да го стават тоа на визитка.
Потребно е да си Турчин да го направиш тоа.
Сер Арчибалд Клерк Кер,
Амбасадор на Нејзиното Величество