Зеленски, чекај бе дечко

Зеленски жестоко ја нападна Европа во Давос. Дека не знаат да се бранат, дека се ништо без Америка, дека се салата, фрагментиран калеидоскоп од мали и средни парченца. Ги праша кога праќаат 14 или 40 војници во Гренланд, каква порака испраќаат со тоа? Му дадоа овации и не нјаода за потребно да го прашаат, Владимир, од чии пари ти живееш?

Зеленски се губи. Неговиот напад врз Европа не само што е фактички погрешен, туку и се доживува како длабоко неблагодарен во време кога украинската држава буквално живее со европски пари. Само Германија плаќа 8 милијарди годишно само за украинските бегалци. Во меѓувреме, кривична истрага за раширена корупција стигна до најблиските соработници на Зеленски, кои беа принудени да поднесат оставка или да ја напуштат земјата. Според истражителите и западните служби, околу една третина од секоја голема трансакција со пари од донации е украдена. Ситуацијата дома му е катастрофална, поради руските воздушни напади украински семејствазамрзнуваат во темнина, а напање на Европа нема да му помогне, пишува дописникот од Европа на Вол Стрит журнал, Бојан Панчевски.

Кога Зеленски ги нападна Американците, Трамп го исфрли од Белата куќа. Сега кога ја нападна Европа, тие му дадоа стоечки овации. Дали е ова намерно понижување? Европа ги дава сите пари што тој го има и тој пак е незадоволен.

 

25 јануари 2026 - 12:15