Во име на сите уценети

Илон Маск го даде најлегендарниот можен одговор кога го прашаа за „свилениот гајтан“ кој му го стегаат воук корпорациите како Дизни, откажувајќи го своето рекламирање на Икс. На човекот му е јасно дека можат да му го уништат бизнисот за кој даде 44 милијарди долари. Ама ако некој мисли да го уценува со пари и со реклами, тој на таквите има да им го каже ова: 

Ова се компаниите кои ги повлекуваат рекламите од платформата на Маск: Apple - Disney - Washington Post - Paramount - NBC - Marvel - IBM - Sony Pictures - CBS - The Colbert Show - Comcast - Lionsgate - Warner Bros. Discovery

Дизни веќе го бојкотираа илјадници луѓе откажувајќи ги своите претплати на нивната стриминг платформа.

**********

Уште нешто, за тоа тенкот кој многу се чека. Неодоливо грдото камионетче на Тесла,  кое од нула до сто дига за 2,6 секунди,  претрка Порше 911 и тоа додека влечеше друго Порше 911. Ѕвер.

***************

 

1 декември 2023 - 11:13