Вашингтонски патрдии

„Ги собрав сите атоми на храброст за да прекинам прес-конференција во Белата куќа....“објасни младата Елисе Џоши објавувајќи снимка од нејзиното поставено прашање со третперлив глас (нешто околу фосилните горива). Портпаролката Карин Жан Пјер се чинеше изненадена но ја поздрави храброста на младата девојка. Само што, сета оваа драмолетка со „храброст“ и “изненадување“ е бљак.

Младата Џоши е извршен директор на организацијата „Генерацијата З за промени“. Претходно, нејзината организација се викаше „ТикТок за Бајден.“ Самата таа во неколку наврати била гостинка во Белата куќа, така што, портпаролката сосема добро знаеше која е таа и што прашање ќе постави.

Овдешен еквивалент би било кога некоја млада зелка (ако некому е прегрубо зелка, тогаш фиданка) од Цивил храбро би го прекинал Димитар Ковачевски и уште похрабро би го прашал нешто за Бугарите во уставот.

 

31 јули 2023 - 10:03