„Идејата беше да се разбие Србија, да се создаде Косово како енклава и таму да се инсталира воената база Бондстил, најголемата НАТО база на Балканот.
Значи САД го започнаа ова во времето на Клинтон, дека може да разбиваме граници и криминално да бомбардираме друга земја при што немавме овластување од Обединетите Нации.
Знам и тоа дека САД потоа последователно влегуваа во војни, без легална основа: Авганистан, Ирак, Сирија во времето на Обама кога ЦИА беше овластена да го сруши Башар ал- Асад. НАТО илегално ја бомбардираше и Либија за да го сруши Гадафи а знам и за она што го направи во Киев во 2014 година.
Нешто од тоа и со свои очи имам видено. САД го срушија Јанукович, заедно со украинските десничарски воени сили. Ние срушивме претседател. А го срушивме само еден ден откако ЕУ постигна договор со него за предвремени избори, влада на национално единство и примирје од двете страни. Тоа веќе беше договорено!
Следно што се случи е што опозиција рече дека ние се се согласуваме, упаднаа во државните згради и го отстранија Јанукович. За само неколку часа, САД рекоа „Да! Ние ја подржуваме новата влада“. Не рекоа, чекајте, имавме договор, противуставно е ова што го направивте....“