Операција „Даб“

1. Најди желад на Водно (или каде има кај што живееш).
2. Изгледај го клипов.
3. Посади го стебленцето во двор или кај имаш.
4. Пази го дур не добие снага.

**********

Писмо од читател:

Не за курч него да охрабриме луѓе дека е дуабл и кај нас и тоа мн лесно
со години веќе го правам ова, и после ги садам по Водна-модна.

Желади има и во парк, во есен и насекаде, реално, по Водно, Матка....
И не мора да се желади, има костени (од питомиот кој не се јаде, и од пазарче, тие што се јадат. Особено важно, затоа што костенот страда на европско тло, веќе со децении, го напаѓа некоја болештина), ореви, лешници, липи, платани, јавори... сето тоа е садбл, и еден куп други.

Во прилог-сличе, еден благун од кај мене во жардињера. Мислам дека во моментов има кај мене бар 15 дрвца кои чекаат пресадување. А живеам во стан, во Скопје. 

Не мора баш да е така фенси ко на видеото, тоа е направено така, за да има „естетика“, доволно е на есен да ги фрлиш во некоја земја, и тоа може да е нешто што ќе презими надвор, така се и наштелувани самите плодови, да презимат, мразот ги активира... односно, периодот кога ќе поминат минусните температури им е знак дека треба да про'ртат.

И коа ќе пркнат, доволно е сосе земја, да се пресадат на есен/рана пролет, на локација која ќе си избере човек. Tоа на „мала врата“ го промовираме со фестивалчево Зрно... прво на моиве луѓе сакав да им покажам дека е лесно да се направи а после и некој што гледа содржини наши, можеби и ќе се закачи...

хев а најса деј,
с.

 

20 јуни 2022 - 08:56