Пирс Морган: Каков е вашиот став за Владимир Путин?
Џефри Сакс: Па, мислам дека е многу паметен, многу цврст и тежок и мислам дека го кажува она што го мисли. Во 2007 година порача: Не го правете ова. На безбедносната конференција во Минхен, потсети дека прекршено е она што беше ветено - ниту милиметар на исток за НАТО - од Џејмс Бејкер и Ханс-Дитрих Геншер до Горбачов во 1990. Со сигурност знам дека е така.
САД го проширија НАТО во Полска, Унгарија, Чешка во периодот на Клинтон, а потоа во уште седум земји во 2004 година: Летонија, Литванија, Естонија, Словачка, Словенија, Романија и Бугарија.
Во 2007 година, Путин им рече, ок, запрете. Не Украина.
И што прави Џорџ дуплове Буш во 2008 година во Букурешт? Ги гарантира Украина и Грузија! А тоа е следење на старата скрипта на Палмерстон од 1853 година. Значи, повторно ќе ја опколуваме Русија во Црното Море.....
За забраната на Тик-Ток:
Апсурдна е. Се наоѓаме среде типична американска параноична фаза. Оваа политичка класа знае многу малку за било што. Познавам многумина од тие конгресмени, не се баш интелигентни, тие не знаат ништо за Кина. По којзнае кој пат, ние разгоруваме омраза без никаква основа. Кој има најмногу шанси мене да ме шпионира? Нормално, мојата влада....
За Израел:
Израел во моментов ја има најекстремистичката религиозна националистичка влада во својата историја. За оваа гарнитура не постои друго политичко решение освен комплетна етничка доминација или етничко чистење и масакр.