Кога Марко го лаеше Трамп

Сите светски медиуми јавуваат дека е извесно оти Трамп за државен секретар ќе го одбере Марко Рубио (53). Сенатор на Флорида од кубанско потекло, прв латино политичар кој ќе заземе таква топ позиција. Во последно време беа шајка иако не беше баш толку одамна кога тој го нарекуваше Трамп измамник (con artist) кој никогаш нема да стане претседател на Америка. Енивеј, битно Израел се радува.

А нов советник за национална безбедност ќе биде Мајк Волц, уште еден галамџија и воен хушкач. Колку работите се менуваат, толку остануваат исти.

 

12 ноември 2024 - 13:24