Гази Хамад, официјален претставник на политичкото биро на Хамас:
Израел е држава која нема што да прави на наша земја. Мора да ја отстраниме таа држава бидејќи таа е безбедносна, воена и политичка катастрофа за арапскиот и исламскиот свет.
И затоа мора да ѝ се стави крај. Не ни е срам тоа да го кажеме, со сета сила! Мораме да го научиме Израел на лекцијата. И ќе го сториме тоа и пак, и пак.
Операцијата „Поплавата Ал-Акса“ беше само почеток, ќе има и втора и трета и четврта...
Ние поседуваме и решеност и средства да се бориме. Дали ќе платиме цена? Да, и подготвени сме за цената. Ние сме народ на верски маченици и спремни сме да жртвуваме маченици.
Не сакаме да страдаат цивили но на теренот се случуваат компликации. Голема територија е тоа, 40 километри....
Окупацијата мора да заврши.
Новинарката: На појасот Газа?
- Не, зборувам за сите палестински територии.
- Дали тоа значи уништување на Израел?
- Апсолутно. Нема логика Израел да постои. Тоа постоење е изворот на страдањата, болките и солзите. Не ние. Израел. Ние сме жртви на окупацијата. Точка. Затоа никој не треба да нè обвинува за она што го правиме. Седми октомври, десетти октомври, милионити октомври... сè што правиме е оправдано.
*************